Велат дека се срами од неа, а тој ја возвишува пред сите – Љубовната приказна на Килијан Марфи и неговата сопруга
Во истата пригода тој ја возвишуваше Ивон и рече дека токму таа е личноста што го држи приземен.
„Многу е важно да имаш таква личност во животот. Мојот живот воопшто не се промени. Сè уште ги имам истите пријатели и одиме на истите места“ – рече тој.
Во 2015-та година Килијан и Ивон заедно одлучиле да се преселат во родната Ирска. Тие во последните неколку години живееја повлечен живот подалеку од очите на јавноста.
Во 2019-та година Килијан даде интервју во кое ја возвишуваше Ивон затоа што успева да обезбеди баланс меѓу работата и животот.
„Имам неверојатна сопруга и не би можел да го направам ова без неа и без нејзиното разбирање. Но, навистина е тешко.
Мислам дека тоа е така за секој татко кој се оддалечува од домот заради работата, која целосно го опседнува, како што тоа мене ми го прави работата“ – рече тој и додаде дека по секој филм одвојува најмалку по 6 месеци во кои може да се посвети на најблиските.
Со оглед на тоа што сопругата на Килијан не се појавуваше на црвениот тепих со него сè до доделувањето на Златните глобуси годинава, многумина ширеа гласини дека тој се срами од неа.
На сцената на Златните глобуси, Килијан се појави со дамка од кармин на носот, па дури и се пошегува на сопствена сметка:
„Прво да ве прашам: ’Дали имам црвен кармин на носот? Секако планирав да го оставам‘“ – рече Килијан, кој на крајот наградата ја посвети на семејството и уште еднаш нагласи дека е најсреќниот човек.
Инаку, по појавувањето на Оскарите дел од медиумите пишуваат дека најмалиот син на Килијан и Ивон планира да тргне по стапките на татко му и дека веќе ја добил својата прва улога во филмот на режисерот Таика Ваитити.
Прочитајте и Бил вегетаријанец, почнал да јаде месо за улогата во „Peaky Blinders“, ги крие децата: Кој е Килијан Марфи, ѕвездата на „Oppenheimer“?
Б. С. Б. | Црнобело