За „Dumb and Dumber“ му платиле само 50.000 долари, љуби иста жена 50 години: Факти за Џеф Даниелс
Почнал да глуми во романтични комедии, но и во големи филмски проекти, покрај Џек Николсон, Мерил Стрип, Дон Џонсон, Кели Мек Гилис, Сузан Сарандон...
Добитник е на две Еми награди, за сериите The Newsroom и Godless.
И покрај тоа, вистинска слава стекна дури во 1994 кога со сними хитот „Dumb and Dumber“ со Џим Кери.
Оваа улога му ја одбележа кариерата, а тој во 2021 призна дека добил само 50.000 долари. За разлика од него, Кери заработил 7 милиони долари од филмот.
„Тој веќе го имаше снимено Ace Ventura, а и The Mask’ кој иако не беше излезен, се најавуваше како голем хит. Јас, пак, сакав да снимам комедија по многуте драми.
И додека го читав текстот со Џим, браќата Фарли, кои го режираа филмот, ме бендисаа и ми кажаа дека ја добив улогата“, кажа Даниелс во интервјуто.
Во 2014 тој и Кери снимија продолжение на култниот филм, но тој не го повтори успехот на оригиналот.
Даниелс и денес живее во Челси, Мичиген, каде што има своја театарска компанија.
Во приватниот живот, пак, последните 5 децении е во љубов со Кејтлин Розмари Тредо, со која е во брак од 1979 година.
Парот, кој се венча по три години врска, има три деца - Бенџамин, Лукас и Нели.
Активен е и политички, па во 2020 година јавно го поддржа Џо Бајден на претседателските избори.
А. Ј. | Црнобело