Познати жени со лошо изведени операции за зголемување на градите (фото)
Јоланда Хадид
Мајката на Џиџи и Бела Хадид на почетокот била задоволна од изгледот на градите, но подоцна силиконот протекол во нејзиното тело.
За среќа, бил отстранет навреме, пред да се соочи со сериозни проблеми со здравјето.
Тори Спелинг
Актерката откри дека ги зголемила градите во 20-тите, а подоцна изјави и дека жалела за тоа.
Во интервју, таа сподели дека не била свесна дека силиконите можат да имаат влијание врз доењето и тоа е причината што жали најмногу.
Истовремено, воопшто не била задоволна од изгледот, па во 2022-ра направи уште една операција.
Кортни Лав
Пејачката отворено има зборувано за ниската самодоверба поради изгледот.
Поради ова, си ставила силикони, за подоцна да се премисли и да ги отстрани.
Кристал Хефнер
Третата и последна сопругата Хју Хефнер пред некоја година ги отстрани имплантите.
Додека била задоволна од изгледот, поради големината на градите, постојано чувствувала болки во грбот.
Истовремено, била сигурна дека силиконите постепено ја „трујат“, бидејќи чувствувала и други симптоми, како гадење и екстремен замор.
Спирова С. | Црнобело