Како изгледале познатите личности кога првпат се појавиле на Оскарите?
Лејди Гага – 2014 година
Лејди Гага првпат се појави на црвениот тепих на Оскарите во 2014 година, а за тоа избра бледорозова тоалета од Versace.
Мерил Стрип – 1979 година
Мерил Стрип првпат присуствуваше на доделувањето на Оскарите во 1979 година, кога беше номинирана во категоријата за најдобра споредна женска улога за филмот „The Deer Hunter“.
Џенифер Лоренс – 2011 година
Лоренс првпат присуствуваше на Оскарите, облечена во црвен фустан на Calvin Klein, откако ја доби првата номинација за филмот „Winter’s Bone“.
Анџелина Џоли – 1986 година
Актерката присуствуваше на нејзините први Оскари облечена во бела тоалета од тантела, во 1986 година, во придружба на нејзиниот татко, актерот Џон Војт.
Емили Блант – 2007 година
Актерката првпат присуствуваше на Оскарите во 2007 година, облечена во неверојатен фустан на Calvin Klein.
М. Ѓ | Црнобело