Како изгледале познатите личности кога првпат се појавиле на Оскарите?
- Детали
- сабота, 17 февруари 2024
Анџелина Џоли првпат присуствувала на Оскарите облечена во бела тоалета од тантела, уште во 1986 година, во придружба на нејзиниот татко, актерот Џон Војт.
Одржувањето на Оскарите сè уште важи за најзначајната ноќ во Холивуд, а оваа свечена церемонија многумина ја очекуваат со нетрпение.
Како и сè друго во животот, така и за присутните на Оскарите има првпат.
Убаво е да се потсетиме на кариерата на некои од нашите омилени актери и да видиме како тие изгледале кога првпат се појавиле на настанот, а можеби и освоиле статуетка која ги направила уште попопуларни.
Во продолжение погледнете 10 познати ѕвезди на нивното прво појавување на Оскарите:
Џулија Робертс – 1990 година
Во 1990 година, Робертс го доби својот прв Оскар, и тоа за најдобра споредна женска улога во филмот „Steel Magnolias“.
Никол Кидман – 1991 година
Пристигнувајќи со нејзиниот тогашен сопруг, Том Круз, Кидман првпат се појави во раните деведесетти. Во 2003 година, таа го доби нејзиниот прв оскар за „The Hours“.
Леонардо ди Каприо – 1994 година
20-годишниот ди Каприо присуствуваше на наградите во 1994 година, кога беше номиниран за наградата за најдобра споредна машка улога за „What’s Eating Gilbert Grape?“
Џенифер Лопез – 1997 година
Лопез присуствуваше на нејзините први Оскари во 1997 година, истата година кога доби голема популарност играјќи ја улогата на Селена во истоимениот биографски филм.
Дакота Џонсон – 2000 година
Години пред Дакота Џонсон да присуствува на Оскарите како самостојна актерка, таа се најде на црвениот тепих со мајка ѝ Мелани Грифит и очувот Антонио Бандерас во 2000 година.