Патувале со 156 куфери, мебелот го менувале на 6 месеци заради кучињата – Луксузниот живот на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон
- Детали
- петок, 02 февруари 2024
Патувале со огромен број асистенти, па резервирале повеќе од 20 соби во хотелите. Носеле повеќе од 150 куфери со себе, а нивните кучиња оделе секаде со нив... Како изгледал луксузниот живот на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон?
Актерите Ричард Бартон и Елизабет Тејлор беа во брак двапати, заедно снимија 11 филмови, а за нивниот луксузен начин на живот и до ден-денес се зборува.
Самиот Бартон во една пригода изјавил: „Јас ја научив Елизабет да пие пиво, таа ме запозна со Bulgari“.
Актерите започнале афера додека глумеле во филмскиот хит Cleopatra од 1963-та и стапиле во брак една година подоцна, во 1964-та, кога актерката имала 32, а актерот 38 години.
Авторот Роџер Луис во неговата книга Erotic Vagrancy што наскоро треба да биде објавена, пишува за луксузните патувања и начинот на живот на Елизабет и Ричард, па споделува неколку податоци што досега не ѝ биле познати на јавноста.