Што е гранично растројство на личност и за кои ѕвезди се верува дека страдаат од него?
Северина Вучковиќ
Веднаш мора да напомниме дека ова никогаш не било утврдено, ниту потврдено, но поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ, во неколку јавни гостувања нагласи оти верува дека пејачката страда од ваков тип на растројство.
Како што рече, во разговори со психолози, сфатил дека нејзините променливи расположенија, изливи на гнев и бес се последица на ваква состојба.
Ејми Вајнхаус
Додека беше жива, Ејми Вајнхаус јавно зборуваше за нејзините проблеми со депресијата и зависностите.
За жал, дури по нејзината смрт, лекарите почнаа да укажуваат дека таа била типичен пример за тоа како изгледаат симптомите на личноста што страда од гранично растројство на личноста.
Бритни Спирс
Речиси сите се сеќаваат на јавните изливи на гнев на Бритни Спирс заради кои таа 13 години беше под легално старателство.
Пред да ја избричи главата, Бритни постојано ги полнеше таблоидите со нејзините шокантни изданија и излегувања во ноќните клубови, на кои беше во видно алкохолизирана состојба.
Се верува дека пејачката страда од гранично растројство на личноста.
Линдзи Лохан
Иако Линдзи во последните неколку години води повлечен живот, во кој се омажи и доби дете, речиси никој не го заборава нејзиното проблематично минато.
Честите проблеми со законот, насилните врски, секс-листата со познати мажи... Ова се само некои од симптомите на растројството што биле забележани и кај неа.
Анџелина Џоли
Анџелина ја добила дијагнозата во 90-тите години, заради што сама побарала да биде сместена во ментална установа бидејќи имала и самоубиствени мисли.
Се верува дека растројството се јавило како резултат на нејзината турбулентна врска со татко ѝ Џон Војт.
Амбер Херд
За време на судењето со Џони Деп, вештаците ангажирани од страна на актерот излегоа и изјавија дека актерката долго време страда од хистрионско растројство и гранично растројство на личноста.
Б. С. Б. | Црнобело