Познати личности кои го напуштиле училиштето поради кариера - Денес се меѓу најуспешните во светот

Квентин Тарантино, Камерон Диаз и Киану Ривс се само дел од познатите личности кои го напуштиле училиштето поради кариера.

poznati-licnosti-koi-go-napustile-ucilisteto-poradi-kariera-deneska-se-megu-najuspesnite-01.jpg

Иако образованието е најважниот фактор за успех, сепак се чини дека овие светски ѕвезди не погрешиле бидејќи сите имаат завидни кариери, а богатството им се поценува во милиони.

Во продолжение погледнете ја листата на познати личности кои го напуштиле училиштето.

Жизел Бундшен

Бразилката Жизел Бундшен важи за една од најплатените и најбараните манекенки во светот.

Својата кариера ја започнала на 14 години кога и решила да го напушти средното училиште за да зачекори по модните писти.

Таа зборува пет јазици, иако никогаш не завршила средно образование.

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Никол Кидман

Љубовта кон глумата била пресудна за Никол Кидман да го напушти средното училиште и да започне со градење актерска кариера.

Најпрво почнала да работи во театар, а веќе на 16 години ги снимила и првите филмови.

Џони Деп

Иако актерството не бил негов прв избор, тој е еден од најпознатите актери во светот.

Џони Деп го напуштил средното училиште на 15 години за да стане рок ѕвезда, но неговата кариера се движеше во поинаков правец, па денес тој е еден од најатрактивните и најпопуларните актери.

Ријана

Ријана имала само 16 години кога го напуштила Барбадос и се преселила во САД за да гради музичка кариера. Таа го потпишала својот прв договор со Деф Џем и го напуштила училиштето.

poznati-licnosti-koi-go-napustile-ucilisteto-poradi-kariera-deneska-se-megu-najuspesnite-03.jpg

Рајан Гослинг

Рајан Гослинг го напуштил средното училиште во Канада кога имал 17 години за да се приклучи на клубот Мики Маус на Дизни.

poznati-licnosti-koi-go-napustile-ucilisteto-poradi-kariera-deneska-se-megu-najuspesnite-04.jpg

Киану Ривс

Во една прилика, Кијану Ривс за Дејли Мејл изјави дека го напуштил училиштето затоа што никогаш не се вклопил.

„Тоа беше многу мало училиште и претпоставувам дека не се вклопував. Имав конфликти и проблеми со персоналот.

Јас и директорот немавме ист поглед на светот. Поставував премногу прашања за сè“, истакна познатиот актер.

Квентин Тарантино

Квентин Тарантино сакал да изгради филмска кариера, па затоа го напуштил средното училиште кога имал 15 години.

Камерон Диаз

Камерон Диаз иако денеска е една од најпознатите холивудски актерки, сепак нејзината прва љубов е манекенството поради кое и го напуштила училиштето кога имала 16 години.

poznati-licnosti-koi-go-napustile-ucilisteto-poradi-kariera-deneska-se-megu-najuspesnite-02.jpg

Меѓу ѕвездите кои не завршиле средно училиште се Џон Траволта, Џим Кери, Аврил Лавињ, Дру Баримор и Кети Пери.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година „Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Ксрдинал Маден...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Познати личности кои ќе го прослават 60-тиот роденден во 2024-та Македонската пејачка Сузана Спасовска годинава ќе го прослави 60-тиот роденден, ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg