Убиство или самоубиство – Сите детали за мистериозната смрт на актерката од „Малечката невеста“
Психологот на актерката се јавува како сведок и тврди дека актерката ден пред смртта откажала закажан термин, а дека претходно побарала помош за проблемите со менталното здравје предизвикани од љубовниот живот.
Освен тоа, откриено е дека актерката во периодот пред трагичната смрт консумирала алкохол и опојни супстанци, а нејзиниот партнер тврди дека тој се обидувал на секој можен начин да ѝ помогне и да ја спаси од пороците.
Исто така, нејзиниот поранешен партнер е обвинет дека се обидувал да извлече финансиска корист од неа, на што тој одговори:
„Не сум земал ниту една пара од неа. Таа беше вознемирена заради однесувањето на нејзините родители, затоа што чувствуваше дека тие ја искористуваат за пари.
Мајка ѝ земаше заеми во нејзино име, и Пратјуша често добиваше вознемирувачки повици од лихвари“ – вели тој.
Наводно, неколку месеци пред смртта таткото на Пратјуша си заминал од домот за да најде пари да им врати на лихварите, а мајката ја напуштила без да ѝ се јави.
Родителите на актерката, пак, одбиваат да прифатат дека нивната ќерка извршила самоубиство и веќе осум години наназад се обидуваат да докажат дека таа била убиена.
Во Индија сѐ уште се очекува судската разврска за трагичната смрт на актерката.
Б. С. Б. | Црнобело