Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови детали за трагедијата
Помеѓу објавите, има и видео од месечината со едноставен опис:
„Разбирате ли што сакам да ви кажам?“
Уште тогаш, во коментари фановите покажуваат загриженост за него, а дел од нив сметаат дека преку објавите, актерот всушност суптилно барал помош.
Дел од коментарите неколку дена пред смртта на актерот:
„Добар ли си?“
„Некој да не ти го хакирал профилот? Нешто не е како што треба“.
„Се надевам дека си добро“.
„Знаеш дека овде има луѓе кои се загрижени за тебе? Се надевам дека (со објавите) само се забавуваш или најавуваш некој нов проект. Твоите фанови те обожаваат и сакаме да бидеш среќен и здрав – те молам грижи се за себе“.
„Пробуваш ли да ни кажеш нешто?“
„Сакаш да ти испратиме помош? Дали ова е некаков сигнал?“
Има и безброј коментари од фанови кои само го прашуваат дали е во ред.
За People, извор близок до актерот тврди дека со објавите тој само се забавувал и дека немаат никакво скриено значење, како и дека пред трагедијата, Метју всушност бил среќен.
Но, фановите остануваат на своето – сметаат дека актерот како да ја најавил својата смрт.
Колегите од Friends сè уште се немаат огласено во врска со смртта на актерот, но извор тврди дека Лиса Кудроу, којашто ја глуми Фиби, уште не можела да се помири со трагедијата.
Според изворот, актерката верувала дека смртта на актерот е последица на некаков лек.
„Иако никој не сака да верува дека се лекови – препишани или не – секако сите помислија на тоа. Веруваат дека можеби зел нешто што не оди добро во комбинација со топлата вода (од џакузито)“.
Официјалната причина за смртта на актерот уште не е официјално споделена и се чекаат резултати од токсикологија и од аутопсијата.
Спирова С. | Црнобело