Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани)
Дон Џонсон и Мелани Грифит
Мелани Грифит го запознала актерот Дон Џонсон кога имала само 14 години и речиси веднаш почнале да се гледаат. Тогаш актерот имал околу 23 години.
Кога Мелани наполни 15, открија дека почнале и да живеат заедно, а три години подоцна се верија.
Џоел Маден и Хилари Даф
Познатиот музичар и Хилари Даф беа заедно три години.
Кога ја почнаа врската, Хилари имаше само 16 години, додека Џоел имаше околу 25.
Вилмер Валдерама и Деми Ловато
Актерот кој се прослави со That 70's Show почна врска со Деми Ловато на 29-годишна возраст.
Тогаш пејачката имаше само 18 години. Според некои гласини, врската ја почнале уште кога имала 17.
Своевремено, врската беше осудувана од јавноста, а Вилмер беше обвинуван дека ја користи Деми.
Чарли Чаплин и Лита Греј
Чарли ја запознал Лита кога имала само осум години. Неколку години подоцна, тие повторно се сретнале. Тогаш Лита имала околу 15 години, а Чарли бил во своите 30-ти.
Овој период ја почнале и врската, а Лита останала бремена.
Парот се венчал во тајност, а се разделиле две години подоцна.
Прочитајте и: Психички ги малтретирал сопругите, спиел со 2.000 жени - децата на Чарли Чаплин откриваат контроверзни детали од неговиот живот
Спирова С. | Црнобело