Бизарниот метод кој му пресуди на Хит Леџер + детали од дневникот на прерано починатата ѕвезда
- Детали
- сабота, 08 април 2023
Поминаа 15 години откако светот остана во шок заради загубата на еден од најталентираните холивудски актери, Хит Леџер. Неговата смрт првично беше прогласена за несреќен случај, а многумина тврдат дека за тоа е виновна улогата што му донесе најголема слава – „Џокер“, и бизарниот метод со кој пробувал да се соживее со неа.
Да беше жив, на 4-ти април годинава, холивудскиот актер ќе наполнеше 44 години, но кобната мешавина од лекови и опијати придонесе прерано да згасне еден млад живот и светот да загуби извонреден актерски талент.
Обдукцијата потврдила дека Хит доживеал срцев удар како последица на комбинацијата од лекови за смирување и опијати, а според многумина, за неговата пропаст е виновна последната улога во филмот The Dark Knight, каде ја толкуваше улогата на Џокер.
Хит Леџер беше актер што целосно се посветуваше на улогите што ги играше, а со цел да влезе во главата на психопатот што го глумеше, младиот актер развил бизарен метод.
Тој одлучил во период од 6 недели целосно да се оддалечи од луѓето и почнал да живее во хотелска соба. Во тоа време го креирал и познатиот „Дневник на Џокер“, каде што запишувал што му минувало низ главата.
Во периодот додека бил изолиран во хотелската соба, Леџер правел детална анализа на ликот на Џокер, за да може поверодостојно да го оживее на филмското платно.
„Се заклучив во собата, направив мал дневник и експериментирав со различни гласови – беше многу важно да најдам препознатлив глас и смеа. Тој е апсолутен психопат, ладнокрвен сериски убиец...
Тој не покажува емпатија, ниту има совест, што всушност е многу забавно, затоа што не постојат граници за тоа што може Џокер да каже или направи. Ништо не го плаши и за него сѐ е една голема шега“ – рече актерот.
Самиот Хит во една прилика изјави и дека малку го плаши улогата на Џокер.
„Дневникот на Џокер“ содржи голем број фотографии од кловнови, како и фотографии од познатиот филм A Clockwork Orange.
Заради улогата, Хит почнал да пие лекови за смирување и несоница, а неговото ментално здравје трпело големи последици.
Според многумина, последните зборови што Хит Леџер ги запишал во Дневникот на некој начин го прорекуваат крајот што набрзо ќе следи.
Откако завршило снимањето на филмот, на последната страница од Дневникот, актерот со големи букви напишал:
„Bye, bye!“ (Збогум!)
За улогата на Џокер, Хит постхумно доби Оскар за најдобра споредна машка улога во 2009-та година, што беше само една од 29-те награди што оваа улога му ги донесе.
Прочитајте и Се предозира со лекови, улогата на Џокер му предизвика психички проблеми - факти за Хит Леџер
Б. С. Б. | Црнобело