Од стартап, чија приказна почна во 2015 година, едукативно-технолошката организација Бреинстер (Brainster) го одбележува својот осми роденден како водечка компанија за образование во Македонија. Со иновации, постојан раст и трансформација, успеа да влезе меѓу топ-500 најуспешни компании во земјава, врз основа на вкупната нето-добивка за 2022 година.