Заборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на светската карате лига

Скопје, 30 септември 2023 - Петар Заборски и Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронзени медали на Светската карате премиер-лига, А Серија во Ларнака, Кипар. Двоецот на скопскиот клуб прикажа добри борби на досегашните натпреварувања. Заборски пред една недела освои бронзен медал на Балканското првенство во Тирана.

zaborski-i-stojanovikj-od-makpetrol-kje-se-borat-za-bronza-na-svetskata-karate-liga-01.jpg

Во елиминацискиот дел од борбите Заборски извојува три последователни победи и еден пораз, а во репасажот славеше против претстaвникот на Грузија со прв освоен поен, бидејќи борбата заврши 1-1. Во соочувањето за бронзениот медал, тој силите ќе ги одмери со Вилијам Дијантете од Белгија.

Стефан Стојановиќ, исто така, забележа три победи и пораз, а преку репасаж стигна до борба за третата позиција. Во репасажот славеше против Богдан Трикос од Србија со 1-0, а за бронзата ќе се бори со Махди Ашури (Иран).

Соочувањата за бронзените медали ќе се одвиваат утре (недела, 1 октомври).

zaborski-i-stojanovikj-od-makpetrol-kje-se-borat-za-bronza-na-svetskata-karate-liga-02.jpg

Првиот ден високи пласмани остварија и каратистите на „Макпетрол“, Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ. Мојсовска освои седмо место, а Божовиќ доби шанса во репасажот, но неговата борбата заврши во корист на претставникот на Колумбија. При резултат 2-2, Божовиќ загуби затоа што противникот прв освои поен и членот на „Макпетрол“ се пласира на деветтата позиција.

Денеска на турнирот во Кипар настапуваат Симона Заборска (-55 кг.) и Давид Петков (-67 кг.).

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg