Мрежата „И виртуелното е витално“ допира сè поголем број луѓе од третото доба со својата единствена содржина

Платформата „И виртуелното е витално“, создадена како дел од проектот „Одржливо зајакнување на локалните здравствени системи во Западен Балкан: Подобрување на здравјето на старите лица погодени од пандемијата COVID-19 и пренесување на знаењето за мобилната грижа и поддршка од Австрија до регионот на Западен Балкан“, финансиран од Сојузното Министерство за социјални работи на Република Австрија и кофинансиран од имплементаторот на проектот Хилфсверк Интернешнл, на единствен, едукативен, креативен и динамичен начин, нуди разновидна содржина за сите заинтересирани лица од трето доба, нудејќи им подобрување на квалитетот на животот и ублажување на ефектите од изолацијата и промените во секојдневното функционирање, кои што ги наметна пандемијата COVID19.

mrezhata-i-virtuelnoto-e-vitalno-dopira-se-pogolem-broj-lugje-od-tretoto-doba-so-svojata-edinstvena-sodrzhina-01.jpg

Со цел ефективно да се работи на зачувување и подобрување на моменталната здравствена состојба, активните корисници и партнери на проектот, лицата сместени во домовите за стари лица, дневните центри, клубовите и другите организации кои се занимаваат со подобрување на животот на постарите лица од Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија, 3 пати неделно имаат можност да учествуваат во креирање и следење на различни сесии во склоп на 3 посебни програми: превентивно-корективна гимнастика (со цел подобрување на физичкото здравје и мобилност), креативни работилници (со цел стекнување нови вештини и изразување на креативноста преку создавање на индивидуални дела) и советување (организирано во форма на тематски предавања одржани од еминентни експерти од областа на здравствениот систем на регионално ниво). На овој начин, лицата сместени во старечки домови и сите заинтересирани граѓани на наведените земји учеснички во проектот, би можеле активно да се вклучат во сесиите во живо преку платформата Zoom, или пак, да ги проследат сите сесии подоцна, преку YouTube каналот на „И виртуелното е витално“.

Сузана Јарашевиќ, регионалната директорка на Hilswerk International за Балкан, истакна дека идејата и концептот на проектот е да влијаат на широка група на стари лица со обзир на тоа дека партнерите, придужните партнери и центрите вклучени во проектот со своите разновидни активности собираат значаен број на стари лица на секојдневно ниво.

Исто така, старите лица кои не се во можност да посетуват вакви центри, клубови или други организации кои се бават со зачувување и подобрување на квалитетот на животот на лицата од трето доба, имаат шанса да присуствуват на сите работилници од својот дом преку интернет апликацијата Zoom и на YouTube каналот.

Волонтерите во сите земји и понатаму им помагаат на старите лица да ги совладаат сите предизвици и прашања врзани за придружувањето на платформата и усвојување на нови знаења и вештини во рамките на дигитална писменост – истакнува Јашаревиќ.

mrezhata-i-virtuelnoto-e-vitalno-dopira-se-pogolem-broj-lugje-od-tretoto-doba-so-svojata-edinstvena-sodrzhina-02.jpg

Со цел дополнително да се подобри дигиталната писменост на постарите лица и да се обезбеди достапност на платформата за што повеќе корисници, партнерите на проектот во сите 3 земји се здобија со подеднакво распределени таблет уреди кои овозможија полесно приклучување на мрежата. Заинтересираните корисници од сите 3 проектни земји, уште од самиот почеток добиваат помош од обучени волонтерски тимови за успешно да ги совладаат дигиталните алатки и користењето на платформата Zoom. Така, сите заинтересирани имаат можност да ги следат работилниците во живо и активно да учествуваат во дискусиите - поставувајќи прашања и добивајќи одговори за сите дилеми поврзани со споменатите сесии, особено при оние кои се посветени на советувањето.

Подготовка на студии и едукација на згрижувачи

Создаден со цел да придонесе за систем кој ќе го подобри статусот и квалитетот на живот на старите лица, во склоп на прогласената „Декада на здраво стареење“ за периодот 2020-2030 година, која воедно е и апел до сите земји од светот да преземат заеднички активности за подобрување на животот на постарите луѓе, прокетот „И виралното е витално“ со своите активности цели да го подобри системот за мобилна нега, и да создаде сеопфатни студии за статусот на старателите во Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија. Крајната цел е да се создадат заеднички насоки и препораки за подобрување на системот на грижа, со што постарите лица би останале што е можно подолго во своите домови и би го избегнале процесот на институционализација.

Преку проектот беа направени 3 сеопфатни студии во секоја од трите земји учеснички, кои го прикажуваат моменталниот статус на негувателите како и тековните политики за препознавање на нивната професија, преку анализа на постоечките структури и правни основи за секоја поединечна земја.

Преку размена на знаења, искуства и студиско мапирање на актуелната состојба за прашањето и положбата на статусот на негувателите, беа одредени добри практики и примери на позитивни политики преку избор на препораки и насоки за ефективен одговор на проблемите со кои се соочува секоја од земјите.

Исто така, со цел да се обезбеди стручен кадар кој во иднина ќе биде подготвен да одговори на потребите на старите лица во домовите, спроведена е сертифицирана едукација на учесниците во траење од 434 часа, креирана и пренесена врз основа на австриската програма за обука на негуватели. Обуката вклучуваше теоретски и практичен дел и се очекува да резултира со 25 обучени негувателки во Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

На овој начин, организациите и земјите вклучени во проектот во иднина ќе имаат квалитетни основи за развој, обучен персонал за работа и експерти собрани од проектот за застапување политики и укажување на важноста од професионализација на статусот на згрижувачите и, воопшто, важноста на мобилната грижа, која само систематски, транспарентно и структурирано ќе може да одговори на потребите на се поголем број стари лица, кој расте на регионално и глобално ниво.

Активни учесници во проектот се тимовите на проектните партнери: Здружение за помош и развој ХАЈДЕ (БиХ), Здружение за поддршка и развој на хуманоста (Скопје, Северна Македонија) и Партнерство за јавно здравје (БиХ), заедно со придружните партнери: ЈУ „Центар за социјални рад“ (Бања Лука, Босна и Херцеговина), Заводот за социјална заштита Геронтолошки центар „Нови Сад“ (Нови Сад, Србија), Домот за ментално болни лица „1.октобар“ (Стари Лец, Србија) и Институцијата за социјална заштита Хилфсверк Куќи за поддршка (Сараево, Босна и Херцеговина), под раководство на имплементатор и координатор на проектот Хилфсверк Интернешнл, ќе продолжат да работат на зголемување на бројот на корисници на споменатите активности и размена на искуства и знаења со целта за подобрување на здравствените системи во Западен Балакан.

*Активностите на мрежата „И виртуелното е витално“ може да се следат на каналот YouTube: „I virtualno je vitalno“, или преку апликацијата Zoom (во живо) со линк за вклучување на работилниците секој понеделник, среда и петок. Линкот може да се најде на Фејсбук страницата на проектот или со јавување на бројот: +387 60 333 34 65.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg