ИутеКредит најдоверлив кај финансиските друштва

Во период кога Министерството за финансии најавува Измени на законот за финансиски друштва со кои нуди поголема заштита на граѓаните коишто ги користат нивните услуги, порталот „Фактор“ направи една теренска и практична анализа за тоа колкава може да биде довербата на потрошувачите кај давателите на таканаречените брзи кредити.

iutekredit-najdoverliv-kaj-finansiskite-drushtva-01.png

ИутеКредит има најтранспарентна постапка за аплицирање за кредит, без скриени трошоци и најниска каматна стапка.

При склучувањето на договорите за брз кредит во висина од 30.000 денари, предмет на анализа беа трошоците кои се наплатуваат доколку договорот за кредит е склучен на период на отплата од шест месеци, но беше испитана и можноста да се врати кредитот еднократно за две недели со ден-два рок за толеранција по добивањето на сумата. Беа позајмени по 30.000 денари со ист пристап во барањето од следните финансиски друштва: М-Кеш, Флекс Кредит, Тиго, СН Финансии и Иуте Кредит

Истражувањето беше изведено во периодот од 10 ноември до 15 декември минатата година.

iutekredit-najdoverliv-kaj-finansiskite-drushtva-02.jpg

Склучените договори со финансиските друштва беа предмет на анализа кај експерти во својата област и на следната табела се прикажани ставките на задолжување за секој подигнат кредит, како и стапката на вкупни трошоци:

iutekredit-najdoverliv-kaj-finansiskite-drushtva-03.jpg

Теренската и практична анализа покажа разноликост во однос на квалитетот на услугата, сиурноста и заштитата на податоците, договорите за кредит, како и пресметката и наплатата на вкупните трошоци од страна на финансиските друштва. Единствено Иуте Кредит Македонија експлицитно ги прикажува и каматата и провизијата за одобрување по договорот за кредит и при тоа нема предвидени други надоместоци и трошоци за дополнителни услуги. Заклучокот е евидентен дека ИутеКредит е најдоверлив кај финансиските друштва.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg