Често ја забораваме, но водата има огромно влијание врз нашиот организам
- Детали
- вторник, 24 јануари 2023
Многумина од нас водата ја третираат како течност без некакво значење, а вистината е дека нејзината вредност за нас е огромна, што го потврдува и нутриционистката Симона Коруновска во соработката со dm
Сите сакаме да се чувствуваме удобно и позитивно во сопствената кожа. За да го постигнеме тоа можеме да преземеме најразлични чекори, од наједноставни до најсложени, но еден од најдостапните и често заборавени е – редовно да пиеме вода во соодветни количества. Ова е совет што важи за секого од нас и колку побрзо почнеме да го практикуваме, со слична брзина ќе ги добиеме и посакуваните ефекти. Можете да прочитате за секакви детокс-комбинации, но совршен пијалак за прочистување на организмот, всушност, е водата. Нашето тело има перфектна способност самото да се детоксифицира, а секако, за тоа најзаслужна е водата.
Оттука, добро познато е дека човек без храна може да издржи дури 20 дена, но без вода максимум три дена. Водата е таа што ја регулира телесната температура, го разнесува кислородот низ телото, помага при апсорбирањето на хранливите материи и им ја олеснува работата на бубрезите и на црниот дроб.
Количеството вода што го внесуваме во нашиот организам ни помага да имаме повеќе енергија и помалку главоболки, потоа, поубава кожа и полесно исфрлање на токсините, а воедно придонесува и при полесно намалување на телесната тежина. Доволно количество вода во комбинација со здрава исхрана има значителна улога при нашите обиди за водење поздрав и поубав живот.
Сакате повеќе информации за тоа зошто велиме дека водата е најдобриот детокс-пијалак? Погледнете го видеото: Колку е важно консумирањето на вода? - YouTube
Нутриционистката Симона нè потсетува и за тоа колку храната може да влијае врз нашето расположение и колку животот може да биде поубав кога оптимално се исхрануваме.
Знаете ли дека гастроинтестиналниот тракт го нарекуваат втор мозок? Тоа е така бидејќи може да влијае врз начинот на кој се чувствуваме и размислуваме. Емоциите се поврзани со цревата, а чист пример за тоа е дека при силен стрес може да нè боли желудникот. Од друга страна, пак, кога сме вљубени, не ни се јаде, а често кога сме нервозни грицкаме без потреба.
Токму затоа оваа двонасочна комуникација можеме да ја подобриме со правилна исхрана, при што ќе успееме да влијаеме врз емоциите. Многу е полесно да влијаеме врз цревата, отколку врз мозокот, нели?
Погледнете во видеото уште неколку корисни информации на оваа тема: Како исхраната влијае врз расположението? - YouTube
Доколку се прашувате кои корисни производи од dm може да ви помогнат да влијаете врз расположението, тоа се: ѓумбир, куркума, црно чоколадо, зелен чај, маслиново масло, грав, леќа, киноа.