Објавени победниците на HUAWEI NEXT IMAGE Awards за 2022 година

54 наградени дела, од кои 3 главни победници, 24 победници во категории и 27 второпласирани – ова се најдобрите фотографии од последното издание на HUAWEI NEXT IMAGE Awards за 2022 година.

objaveni-pobednicite-na-huawei-next-image-awards-za-2022-godina-01.jpg

HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022, годишниот натпревар за фотографија на паметни телефони на Huawei, имаше за цел да ја прикаже улогата на мобилната фотографија во секојдневниот живот, преку прикажување извонредни дела и човечки искуства. Овој натпревар вклучуваше категории што се однесуваат на популарни теми, вклучувајќи ги следните: Perfect Leap, Colourful World, Natural Vientiane, Family Bonds, Animal Perspective. Најпопуларните 3 модели на телефони во однос на бројот на пријавени се HUAWEI P40 Pro, HUAWEI P30 Pro и HUAWEI P50 Pro, а најголем број на дела поднесоа учесници од Кина, Филипините, Египет, Индонезија, Полска и Италија.

Добитници на Grand Prize

Трите дела: "FORCE" на Адао Филипе Фернандес Салгадо, "Just Shaen" на Енрика Брешија и "Fireworks" на Ванг Зихао освоија универзално признание во рамките на меѓународната комисија. Секој од тројцата фотографи беше признат како добитник на grand prize, и ќе добие парична награда од 10.000 американски долари со цел да се поттикнат во нивните идни уметнички потфати.

objaveni-pobednicite-na-huawei-next-image-awards-za-2022-godina-02.jpg©Адао Филипе Фернандес Салгадо (Португалија)
FORCE | HUAWEI P30 Pro

Коментари на судиите: “Постои ред во движењето, а има и хармонична убавина во сложеноста. Фотографијата носи незапирлива виталност, што на светот и на нас кои ја гледаме сликата му треба најмногу во овој момент” – Никол Ксу, поранешен уреднички директор на ELLE Кина.

objaveni-pobednicite-na-huawei-next-image-awards-za-2022-godina-03.jpg©Енрика Брешија (Италија)
Just Shaen | HUAWEI P40 Pro

Коментари на судиите: “Толку природно и едноставно, а сепак толку убаво. Можете да ја почувствувате спонтаноста и искреноста на насмевката што ви дава позитивно чувство” – Михаела Нороц, романски фотограф.

objaveni-pobednicite-na-huawei-next-image-awards-za-2022-godina-04.jpg©Ванг Зихао (Германија)
Fireworks | HUAWEI P40 Pro

Коментари на судиите: “Совршено темпирана фотографија на огномет на река, единствената друга светлина доаѓа од паметниот телефон, можете да видите и помала хоризонтална верзија на оваа фотографија на тој екран” – Федерико Киамеи, италијански фотограф.

Девет категории

Наградите HUAWEI NEXT IMAGE 2022 опфатија девет категории на пријавени: Art & Fashion, Outdoor, Portrait, Sport, Hello Life, Storyboard, Action, Storytelling Short Film, и Storytelling Long Film, со избрани победници за најдобри во категорија и второпласирани. Секој од 24-те победници во категорија ќе добие награда од креативен фонд NEXT IMAGE од 1.500 американски долари, а секој од 27-те второпласирани победници ќе добие HUAWEI P50 Pro.

objaveni-pobednicite-na-huawei-next-image-awards-za-2022-godina-05.jpg©Аунг Чан Тар (Мјанмар)
Inle Market | HUAWEI P40 | Outdoor | Победник во категорија

Овогодинешните фотографии имаа широк спектар на искуства, од природа, планини, езера, изгрејсонце и зајдисонца, градски пејзажи, до прекрасни човечки интеракции. HUAWEI NEXT IMAGE има за цел да ги инспирира корисниците на Huawei мобилни уреди да доловат разни животни моменти преку мобилната фотографија.

objaveni-pobednicite-na-huawei-next-image-awards-za-2022-godina-06.jpg©Ванг Лин (Австралија)
Sisters | HUAWEI P30 | Hello Life | Победник во категорија

На овогодинешниот натпревар додадени се пет нови категории: Art & Fashion, Sport, и три видео категории: Action, Storytelling Short Film, Storytelling Long Film.

NEXT IMAGE: Насочени кон иднината со помош на врвен бренд

HUAWEI NEXT IMAGE Awards служи како платформа за мобилна фотографија на Huawei, преку прикажување дела на талентирана база на корисници на Huawei. NEXT ја претставува визијата на Huawei за иднината, истражувањето на технологиите за фотографирање од следната генерација и појавата на следната генерација на фотографи. IMAGE се однесува на статични и нови форми на динамично визуелно изразување што им помагаат на корисниците да раскажуваат приказни и да се изразуваат на уникатни начини.

objaveni-pobednicite-na-huawei-next-image-awards-za-2022-godina-07.jpg©Марк Антони Агтај (Обединети Арапски Емирати)
Working Hands | HUAWEI Mate 20 Pro | Storyboard | Победник во категорија

Од своето лансирање во 2017 година, HUAWEI NEXT IMAGE Awards служат како уникатна изложба на извонредни фотографски дела на корисниците на мобилни телефони на Huawei. Натпреварот ќе продолжи да ги инспирира талентираните корисници на Huawei, бидејќи компанијата секојдневно воведува иновативни технологии и искуства за нив.

Целосната листа на победнички дела може да ја погледнете овде.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg