Витомир Трајковски од „Макпетрол“ освои бронза на светската карате лига во Атина

Скопје, 16 јануари 2023 - Членот на скопски „Макпетрол“, Витомир Трајковски, во борба со црногорскиот претставник Никола Маловиќ, кого го победи со 5-0, освои бронзен медал на турнир од светската карате лига во Атина.

vitomir-trajkovski-od-makpetrol-osvoi-bronza-na-svetskata-karate-liga-vo-atina-01.jpg

Македонскиот карате клуб долги години учествува на ова реномирано натпреварување и ова е 45 медал за тимот, како и прв во 2023 година.

На патот до бронзата Трајковски извојува пет победи, а за влез во финалето загуби минимално од грчкиот претставник Константинос Мастрогијанис 0-1. Шестата победа беше во директна борба за бронзениот медал со црногорскиот репрезентативец Маловиќ.

vitomir-trajkovski-od-makpetrol-osvoi-bronza-na-svetskata-karate-liga-vo-atina-02.jpg

Трајковски е во одлична форма, тој е актуелен светски вицешампион во категоријата од 18 до 21 година, а бронзеното одличје го освои во сениорска конкуренција. Ова е добар показател пред европското првенство за јуниори.

На карате лигата во Атина настапуваат 1116 натпреварувачи од 75 држави.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg