Станете Diners Club член за само 5 минути со новата електронска форма за аплицирање

stanete-diners-club-chlen-za-samo-5-minuti-so-novata-elektronska-forma-za-apliciranje-01.jpg

Diners Club Македонија ја лансира својата нова електронска форма за аплицирање за Diners Club картичка со најсовремена технологија за проверка и потврда на идентитетот на апликантите, прва од ваков тип во Македонија.

„На наше големо задоволство, 2022 година ја завршуваме со лансирање на нашата нова електронска форма за аплицирање, прва во државата, која вклучува биометриска проверка и потврда на идентитетот на апликантите.“ – вели Тони Јанковски, директор на одделот за развој на производи и иновации вo Diners Club Македонија.

Со новата форма за аплицирање, Diners Club значително го олеснува и скратува процесот на аплицирање, истовремено запазувајќи ги највисоките стандарди за сигурност и заштита на корисниците.

При пополнување на формата за аплицирање, идентитетот на апликантот се потврдува со само 2 едноставни чекора:

1. Фотографирање на документ за лична идентификација од којшто системот сам ги извлекува податоците и ја проверува валидноста на документот и

2. Selfie фотографија од апликантот при што се врши биометриска проверка на соодветната фотографија со приложениот документ за лична идентификација.

На овој начин апликантите можат успешно да ја поднесат својата апликација за Diners Club картичка, целосно онлајн, само со лична карта и уред со камера, за помалку од 5 минути.

Во задоволувањето на потребата за постојано унапредување на корисничкото искуство, како и за дигитализација на процесите со највисоко ниво на безбедност, Diners Club оствари стратешка соработка со Blinking, водечка компанија во областа на дигиталниот идентитет и user onboarding на Западен Балкан со седиште во Белград, Србија.

„Мило ни е што дигиталната трансформација и биометриска верификација се дел од стратегијата на Diners Club Македонија. Нашата компанија е подготвена да го поддржи нивниот раст и амбиција да се прифатат нови технологии, со цел да овозможиме најдобро корисничко искуство, задржувајќи ги безбедноста и довербата како клучни принципи на работа.“ – вели Милица Лазаревиќ, директор на одделот за односи со клиенти во Blinking.

Новата електронска форма за аплицирање е дел од визијата на Diners Club за комплетна дигитализација на услугите и унапредување на корисничкото искуство на членовите.

Покрај големиот број на поволности кои ви ги нуди Diners Club, членството во првата година е бесплатно, а картичката е прифатена во повеќе од 4.000 продажни во Македонија и повеќе од 45 милиони продажни места ширум светот.

Дознајте повеќе и аплицирајте уште денес на линкот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg