Колку се „бесни“ македонските претприемачи?

Kолку се „бесни“ претприемачите во своето секојдневие и дали јавно се зборува за причините на нивниот стрес?

kolku-se-besni-makedonskite-pretpriemachi1.jpg

Токму за оваа намена, ТЕВА - првата дигитална факторинг платформа во Македонија организирашe Rage Room за претприемачи со цел подигање на свеста за стресот со кој се соочуваат истите, но и потенцирање на еден голем причинител на стрес- неликвидност и ненаплатени фактури. Настанот меѓудругото, претставуваше најава на оваа иновација, која започнува со работа на пролет. 

Проблемот со неликвидност

10% од компаниите пропаѓаат поради задоцнетата наплата на фактури и најмалку уште толку се соочуваат со истото, успеваат да обезбедат плати секој први и „преживуваат“ но, со камата наречена стрес. Аналогно на споменатото, третманот на „стресот“ е потребен низ различни индустрии, поради што на настанот беа поканети успешни претприeмачи од финансиската, стартап и ИТ сферата и истиот се одвиваше на следниот начин: 

Организацијата на настанот

Претпримачите беа пречекани во „просториите на бесот“ обезбедени од инвеститорите Трим и Љум, каде им беше доделен пакет со електронски и стаклен отпад обезбеден од апликацијата Селектирај Отпад. Потоа, секој имаше за задача да напише 10 работи од кои сака да се збогува во 2022 година и истите да ги постави во стаклените шишиња кои беа предмет на кршење подоцна.

Како изгледаше кршењето видете на сликите подолу:

kolku-se-besni-makedonskite-pretpriemachi1-02.jpg

После чистење на негативната енергија, визијата е појасна

Од кога видоа како бесот изгледа во својата целосна форма, исчистената енергија ја преточија во пишување на ветувања „Се колнам пред ТЕВА дека…”. По завршената позитивна рефлекција, пред заминување се сликаа со рамката на ТЕВА „Што ќе им кажеш на тие што должат фактури?“

kolku-se-besni-makedonskite-pretpriemachi1+03.jpg

kolku-se-besni-makedonskite-pretpriemachi104.jpg

kolku-se-besni-makedonskite-pretpriemachi106.jpg

kolku-se-besni-makedonskite-pretpriemachi107.jpg

kolku-se-besni-makedonskite-pretpriemachi18.jpg

kolku-se-besni-makedonskite-pretpriemachi105.jpg

Како и претприемачите, Тева постави свое ветување - На сите заинтересирани во оваа фаза ќе им обезбеди ексклузивен пристап до платформата и бесплатна евалуација на нивните фактури пред официјалниот старт на пролет.

Повеќе информации за истото тука.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg