Проблемот со природен гас надминат - предлозите на „Макпетрол“ разумни

На денешна средба во Стопанската комора меѓу претставници на Регуларната комисија за енергетика, државните компании НЕР и ГА-МА, како и трговците, снабдувачите и потрошувачите беше изнајдено решение за потенцијалните проблеми што може да ги предизвикаат новите најавени правила за увоз на природен гас во земјава.

problemot-so-priroden-gas-nadminat-predlozite-na-makpetrol-razumni-01.jpg

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, во гостувањето на телевизија „24“ истакна дека факт е оти компаниите се соочени со кратки рокови и додаде дека сите учесници на пазарот, вклучително и „Макпетрол“, немале проблем со целиот процес, туку со ризиците кои што би можеле да се појават.

За таа цел тој изјави дека ГА-МА или новата компанија која што ќе се формира наредната недела да превземат обврска да им помогнат на потрошувачите при изработката на номинациите и одредени технички работи. На тој начин е овозможено трговците и снабдувачите заедно да работат со потрошувачите во јануари со цел да се релаксира ситуацијата.

„Ризикот којшто би го превземале снабдувачите и трговците во однос на дебалансите ќе биде релаксиран и од тие причини ќе нема никаков проблем сето ова да стартува од 1 јануари. „Макпетрол“ беше присутен на состанокот, дел од овие беа нивни предлози, кои што се разумни.

Компанијата се согласи со новиот пристап бидејќи одредени ризици се тргнати со вклучувањето на ГА-МА. Ризиците кои што беа на снабдувачите, да не се соочат со ликвидност доколку не плаќаат одредени потрошувачи, сега ќе го превзема државата преку ГА-МА“ - рече Бислимоски во гостувањето на 24 ТВ.

фото: freepik.com

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg