Овој петок клубот Епицентар е во центар на внимание, благодарение на SWATCH

ovoj-petok-klubot-epicentar-e-vo-centar-na-vnimanie-blagodarenie-na-swatch.jpg

Глобално познатата диџејка и продуцентка DASCO, која е родена во Тел Авив, Израел а за адреса на живеење го има градот Берлин, доаѓа во Скопје, во ноќниот клуб Епицентар, благодарение на SWATCH. 

Овој петок, сите рефлектори на електронската музичка сцена во нашиот главен град ќе бидат насочени кон овој ноќен клуб, зошто ова е одлична шанса артистка од нејзин ранг да се слушне и види на еден сет.

Во продолжение кратко интервју со неа, во кое зборува за себеси и за својата музика.

Која е Dasco и како ја започнува својата диџеј кариера?

Здраво, јас сум Dasco, диџејка, продуцентка и вокалистка. Водам и издавачка куќа под името Bisexuality Exists. На почетокот на мојата кариера свирев по барови во Тел Авив, а сега свирам по клубови и фестивали низ целиот свет.

Во последнава година си редовна на репертоарот во Панорама бар. Дали би можела да споделиш импресии од овие клупски вечери? Како ги подготвуваш твоите сетови и по што сметаш дека се разликуваат еден од друг?

Само што го имав својот втор настап во Панорама бар минатиот викенд. Дефинитивно ми е еден од омилените клубови каде што настапувам. Ја обожувам публиката, атмосферата, светлото и звучниот систем. Секогаш си поминувам добро таму!
Кога ги подготвувам моите сетови ја замислувам реакцијата на публиката пред која настапувам. Тоа што ги разликува моите сетови еден од друг е мојата енергија и како се чувствувам во дадениот момент. Тоа би бил наједонставниот одговор. Ја црпам мојата енергија од публиката и кога публиката е среќна и возбудена и јас се чувствувам исто. Тоа моите сетови ги прави да се уште подобри.

Само што излезе твоето последно издание насловено како Powerful Woman EP за британската етикета Shall Not Fade. Можеш ли да ни кажеш повеќе околу твојот начин на продукција и што може да очекуваме следно од тебе?

Моето Powerful Woman EP е моментално во претпродажба и излегува на 13-ти јануари, тоа значи на стартот на новата година.
Мислам дека немам конкретен метод на продукција. Процесот е доста динамичен, зависи многу од моето расположение во моментот и дали се чувствувам инспирирана. Ми се допаѓа што сум постојано во движење, помеѓу настапи, помеѓу различни земји, сето тоа ме инспирира многу. Ме инспирираат промени, нови места и нови луѓе, и секогаш сум во потрага по нови звуци и нови авантури.
Во план ми е да издадам нова музика следната година на мојата издавачка куќа, но и за други музички етикети.

Водиш и своја издавачка куќа насловена како Bisexuality Exists Records. Која е идејата позади оваа музичка етикета и што излегува следно?

Како бисексуалка, за мене е важно бисексуалноста да е видлива во јавниот простор и да се спротиставам на бифобијата. Важно ми е да ја застапувам заедницата на бисексуалците со гордост и со почит што ја заслужува. Не ми кажувајте дека е само фаза и дека треба да одберам страна. Бисексуалноста постои. Преку мојата музика сакам да ги охрабрам луѓето да ги отворат своите умови и срца за да сфатат дека животот не е само црно бел, туку ги содржи сите бои и нијанси помеѓу.

Претпоставувам дека е прв пат да доаѓаш во Скопје. Кoи се твоите очекувања и што да очекува домашнната публика од твојот настап?

Да, ова е мој прв настап во Скопје и со нетрпение го очекувам. Имам добро чувство за оваа вечер и мислам дека ќе е многу забавано. Очекувајте го неочекуваното…

DASCO ќе настапи во клубот Епицентар на 23 декември, 2022 во петок.
Домашна поддршка се Херцел и Андреј Мицајков.
А настанот е спонзориран од SWATCH

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg