Мобилната апликација од Шпаркасе Банка со нови функционалности!
- Детали
- четврток, 22 декември 2022
Шпаркасе Банка АД Скопје воведе нова верзија на мобилната апликација С-Банка, со дополнителни функционалности, достапна за преземање од PlayStore и AppStore.
Во насока на модернизација и овозможување нови дигитални услуги што Банката ги нуди на своите клиенти, надградената верзија на апликацијата за мобилно банкарство С-Банка се карактеризира со нови модерни функционалности, оптимизирано корисничко искуство, како и освежен дизајн.
Воведена е функционалноста Биометрија при најава во апликацијата и авторизација на налози. Оваа функционалност ќе овозможи најава на мобилната апликација со биометриските методи на автентикација (идентификација на лице или отпечаток од прст) како и при авторизирање налози.
За брзо и едноставно префрлување средства на пријател со сметка во Шпаркасе Банка, воведена е функционалноста Плати на пријател, која преку избор на контакт од телефонскиот именик автоматски ја пополнува сметката на налогопримачот.
Следна новововедена функционалност е опцијата Подели сметка, која претставува можност за лесно делење на вкупниот износ за плаќање со пријателите што поседуваат сметки во Шпаркасе Банка, само со избор на нивните контакти од телефонскиот именик. Како дополнителна функционалност на Подели сметка е и можноста да се изврши поделба од резервација на картичка.
И бидејќи неретко се случува клиентот да не го зачува креираниот примерок од платниот налог, Шпаркасе Банка ја воведе функционалноста Можност за повторно креирање налог од претходни плаќања.
Шпаркасе Банка останува фокусирана на модернизација, овозможување нови дигитални услуги и што подобро корисничко искуство за клиентите, со цел поголемо уживање во искуствата што ни ги овозможува новата технологија, како и проширување на можностите за попрактична и подобра иднина за сите.