Искористете го сезонскиот попуст од 20% - Grafiti е секогаш во мода: Одберете ги вашите омилени обувки
- Детали
- четврток, 22 декември 2022
Квалитетот и удобноста се наш приоритет. Нарачајте го својот модел на grafiti.com.mk.
Компанијата за производство на обувки – GRAFITI, е повторно на македонскиот пазар. Сега, сите модерни девојки и жени можат да го одберат својот омилен пар на чевли или чизми. Квалитетот отсекогаш бил заштитен знак на GRAFITI, а така е и со оваа колекција есен/зима ’22, која е на 20% сезонски попуст. Сите модели се изработени од кожа, неверојатно удобни и комфорни.
UMA, PAOLA, HELGA, GIA, NORA, FRIDA се само дел од имињата на обувките кои ќе Ви овозможат едно поинакво искуство во текот на оваа сезона. Бидете впечатливи на работа, cool во диско, едноставни и свои додека пиете кафе со блиските.
Целата колекција е дизајнирана од италијанскиот моден стилист Lucio Rigetto, а изработена е во Македонија. Покрај квалитетот, GRAFITI моделите се карактеризираат и со уникатен дизајн, емоција и удобност. Сепак, овој бренд е пионер и во онлајн продажбата на чевли во Македонија, што е навистина ретка за овој тип на производи во нашата земја.
Имено, GRAFITI ги следи светските трендови и продажбата ја спроведува исклучиво онлајн, преку својата веб-платформа grafiti.com.mk. Истата е едноставна за користење, со што заштедувате дел од вашето време и средства.
Сите девојки и жени кои можеби се скептични за купување чизми/чевли преку онлајн, својот број/величина можат да го проверат во „Табелата на величини“, која е достапна под секој GRAFITI модел.
Сепак, и во случај да сакате замена или рефундирање на средствата, тоа лесно можете да го направите преку пишување порака до GRAFITI. Овој бренд негува проактивна и двонасочна комуникација со своите потрошувачи и можете да им пишете (на Instagram, Facebook и e-mail) кога и да посакате. Ќе Ви биде одговорено во најскоро можно време, со истата љубезност и срдечност која ја паметите од порано.
„Конечно се вративте на пазарот. Обувките од пред 10 години, сѐ уште ги носам“, пишува Ана на Facebook страницата на GRAFITI.
„Ако сте истите GRAFITI како порано, не се сомневам во квалитет“, посочува Марина на Instagram профилот на компанијата.
„Здраво, Професионални, нималку различно од она што го очекував. Впрочем, Графити, мој фаворит во Рамстор, дамнешно време. Ви благодарам“, вели Мина на Facebook страницата на GRAFITI.
„The best shoes ever!!! They are so stylish, everyone compliments my shoes! Thank you for your design!", пишува Inna од Калифорнија.
„Чизмите стигнаа, прекрасни се, таман и баш какви што барам со гоооодини!", пишува Анета на Facebook .
Искористете го сезонскиот попуст од 20% и уживајте во новогодишните и божиќните празници.