Важни се луѓето и секоја нивна приказна
- Детали
- четврток, 22 декември 2022
Во предновогодишниот период сакавме на повозрасните сограѓани, па дури и нашите најблиски да им овозможиме малку релаксација и моменти за културен и активен социјален живот. Токму затоа во нашата општествено-одговорна кампања предвидовме филмски проекции, но и ретро-игранки на кои уживаа сите, без разлика на генерациската припадност – велат од Халкбанк Ад Скопје.
Скопје, 22 декември – Халкбанк АД Скопје во рамките на својата општествена одговорност, годината што изминува, меѓу другото ја заокружува и со успешно реализирани активности во рамките на кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, наменета пред сè за повозрасната популација.
Забавниот караван со игранки и кино проекции патуваше во Скопје, Битола и Неготино. Во рамките на активноста „На кино со баба и дедо“ која се реализира во соработка со Кинотеката, во Скопје беше прикажана антологиската македонска комедија „Мирно лето“, а во Битола современата семејна драма „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперковски.
За кинопроекциите имаше голем интерес и многу пофални зборови, како од повозрасните, така и од нивните деца и внуци кои ја сфатија пораката и времето за на кино го посветија на своите родители, баби и дедовци, постари роднини и пријатели.
- Во предновогодишниот период сакавме на повозрасните околу нас, па дури и нашите најблиски да им овозможиме малку релаксација и моменти за културен и активен социјален живот. Токму затоа во оваа наша акција предвидовме филмски проекции, но и ретро-игранки на кои уживаа сите, без разлика на генерациската припадност. Насмевките и кај најмладите и кај највозрасните нѝ се доволен показател дека креираме нешто добро. Во година на економска неизвесност, не забораваме и дека важни се луѓето, важна е секоја нивна приказна – подвлече Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, организатори на големата кампања.
По кинопроекциите, караванот продолжи со ретро-игранки во неколку домови за стари лица низ Македонија, каде што корисниците ги забавуваше доајенот на македонската фолк-естрада Блага Петреска, а тие испратија инспиративни совети за сите помлади луѓе.
„Да ги слушнеме и гушнеме“ е почит кон повозрасните и потсетување за помладите дека генерациите кои нè пораснаа имаат уште многу што да кажат, а ние уште многу што да научиме од нив. За потребите на кампањата креирана е и специјална веб-страница cuvarinamudrosta.mk која е и еден вид трезор на совети и убави пораки од бројни видни личности, но и анонимни херои од нашето секојдневие. До крај на годината под слоганот „Да ги гушнеме и слушнеме“ ќе излезе и специјализирано списание со широка дистрибуција.