Жито Лукс со нова донација за Црвениот крст наменета за лица и семејства со социјален ризик
- Детали
- вторник, 20 декември 2022
(Скопје, 20.12.2022) - Жито Лукс денес во Организацијата на Црвениот крст донираше 2.500 парчиња леб наменети за социјално загрозени лица и семејства, како директна помош на најранливите категории граѓани.
Вакви донации се честа практика на Жито Лукс бидејќи за компанијата семејствата со социјален ризик и ранливите категории граѓани се во постојан фокус.
„Ранливите категории имаат постојана потреба од помош во најразлични намирници, а најважна секако е храната. Токму затоа ние, како најголем производител на леб во државата, настојуваме често, во рамките на нашите можности, да им помагаме на овие семејства и граѓани со донации на наши производи“, велат од Жито Лукс.
Жито Лукс како компанија постојано е активна со своите општествено одговорни активности насочени кон помагање на социјално загрозени семејства и граѓани, но и на институции од здравствениот и образовниот сектор. Во тие рамки, компанијата има повеќегодишна соработка со Црвениот Крст како организација која најдобро знае каде треба да се упати добиената помош.