„Чоколенд“ во Веро - слаткиот пат до награди
- Детали
- понеделник, 19 декември 2022
Чоколадната празнична бајка во Веро и оваа година ги изненадува и наградува потрошувачите преку традиционалната манифестација „Чоколенд“. Од 16 до 27 декември, Веро организира специјални промоции и супер промотивни цени на голем број слатки производисо чие купување потрошувачите стануваат потенцијален добитник на слатки награди.
Со секоја сметка над 200 денари од означените слатки производи, потрошувачите добиваат купон кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии во секој Веро маркет. Секој купон учествува во наградната игра во која ќе се доделат вкупно 300 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари.
Почнувајќи од 17 декември сѐ до завршувањето на наградната игра, секој ден се извлекуваат вкупно 30 добитници на слатките награди. Односно, секој ден Веро доделува по 10 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари. Ваучерите може да се искористат за пазарување производи од слатките рафтови во Веро маркетите најдоцна до 31 јануари 2023 година. Добитниците на слатките ваучери се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на Vero marketi истиот ден по завршување на извлекувањето.
„Чоколенд“ е традиционална предновогодишна манифестација која Веро ја организира со години наназад како вовед во празничната магија на слатките задоволства. Организирајќи го „Чоколенд“, Веро ги промовира најпознатите брендови на чоколади и слатки од домашни и странски производители, а воедно на своите потрошувачи им овозможува да уживаат во најголем избор на слатки вкусови по промотивни цени.