Шпаркасе Банка засади 2.500 садници како дел од стратегијата за одржливост

Во линија со стратегијата за одржливост и заштита на животната средина, денеска вработените во Шпаркасе Банка, на опожареното подрачје во Гиновци, Крива Паланка, на еден хектар површина засадија 2.500 садници од багрем – во чест на вработените на Банката и на клиентите.

shparkase-banka-zasadi-2-500-sadnici-kako-del-od-strategijata-za-odrzhlivost-01.jpg

Со оваа акција за пошумување, Шпаркасе Банка АД Скопје ја продолжува иницијативата од Британската амбасада по повод 70-тиот платинест јубилеј на кралицата Елизабета Втора, за засадување дрвја на територијата на Република Северна Македонија.

shparkase-banka-zasadi-2-500-sadnici-kako-del-od-strategijata-za-odrzhlivost-04.jpg

Вработените во Шпаркасе Банка кои волонтерски се приклучија кон оваа благородна акција за пошумување, со секое засадено дрво придонесоа кон подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на емисијата на CO2 како и кон целокупно поздрава средина за идните генерации.

shparkase-banka-zasadi-2-500-sadnici-kako-del-od-strategijata-za-odrzhlivost-02.jpg

Багремот е дрво што е обновливо, отпорно на пожари и ќе донесе придобивки за луѓето, за дивиот свет и за климата во конкретното подрачје.

shparkase-banka-zasadi-2-500-sadnici-kako-del-od-strategijata-za-odrzhlivost-03.jpg

Шпаркасе Банка верува во поддршка на заедницата, со цел подобрување на квалитетот на животот, и на овој начин ја подига свеста за важноста од водење грижа за животната средина, за климатските промени и за природата во целост, како дел од корпоративната стратегија за одржливост. Само на тој начин можеме да имаме подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg