Нова година во Будва: Зошто е најдобра?
- Детали
- петок, 16 декември 2022
Кога во малото туристичко гратче на Јадранот, препознатливо по преубавите плажи, бројните сончеви денови и летната туристичка сезона, одлучија дека новиот милениум ќе го дочекаат на главниот градски плоштад, пред ѕидовите стари повеќе од два милениуми, многумина беа скептични дека таков концепт може да потрае. А Будва докажа, дека не само дочекот на Новата година на отворено може да има континуитет, туку и дека малиот град на Јадранот може да биде и најпрепознатливата новогодишна туристичка дестинација во регионот.
Не постои позната музичка ѕвезда од регионот која нема посакано здравје, среќа и успех на десетината илјади луѓе собрани на будванскиот плоштад. Така ќе биде и оваа година! Тридневната програма во Будва и оваа година ќе пречека илјадници посетители со желби за најдобар провод, најквалитетен музички звук, но и со најубавата дневна атмосфера, со звуците на класична музика придружен со шумот на морето.
Дубиоза Колектив, Марко Настиќ, Стеларкомпанион и Денис Султа, еден од најдобрите европски DJ-и од помладата генерација, со локалната поддршка составена од DJ Burkakke и DJ Chbx, ќе ја загреат атмосферата на 30 декември. Најубавите желби на жителите на Будва и нивните гости, наредната вечер точно на полноќ, ќе им ги посака Џибони, пред кој ќе настапува популарната Констракта.
Почетокот на втората празнична ноќ ќе го одбележат Акдемија и „The Grupa“ – приморски групи чии настапи секогаш го задржуваат вниманието на публиката. Со спектакуларен огномет и со македонската ѕвезда на електронската музика Кирил Џајковски ќе зачекориме во новата 2023 година. Сара Џо, Сенидах и Дино Мерлин се ѕвезди на третата будванска новогодишна ноќ, која ќе ја отворат градските бендови „Refugee Jesus & Apostles и „Izi Bejb i Jack Lupino“.
Новогодишните денови во Будва сега повеќе од две децении се подеднакво убави како и ноќите. И оваа година посетителите ќе уживаат во евергрин звуците на Градска Музика, на концертот кој ќе се одржи на 30 декември во 14:00 часот, како и во изведбата на детски музички нумери во реализација на хорот „D-Moll“, кој е планиран за 31 декември од 14:00 часот.
Дека традиционалниот концерт на класична музика се искристализира како своевиден бренд на будванските новогодишни денови, покажува и овогодишното случување, кога заедно со Медитеранскиот ревиски оркестар, под диригентската палка на Вили Фернанди, на 1 јануари во 14:00 часот, на главниот градски плоштад, ќе настапат како афирмираните, така и младите оперски ѕвезди: Јадранка Јовановиќ, Марко Калајановиќ, Маријана Шовран, Емилија Миниќ, Армилијато Фабио, Кјара Гидиче и Лана Асија Дабовиќ.
Туристичката организација на Општина Будва организира бесплатни новогодишни настани на плоштадот пред самиот Стар Град, која секоја година на случувањата им додава квалитет повеќе – ветувајќи дека и оваа година туристичката метропола на Црна Гора ќе биде најдобар избор.
Се гледаме во Будва!