Diners Club со нова придобивка за поголема сигурност на своите членови

„Повеќе од 25 години на нашето членство му нудиме поголема финансиска сигурност во секое време и на секое место. Преку новата услуга, DC Асистенција, одиме чекор подалеку и дополнително го унапредуваме корисничкото искуство на членовите преку поддршка и ефикасно решение на нивните секојдневни потреби дома и на пат.“ – вака Diners Club ја најави нивната најнова услуга DC Асистенција, која има за цел да го збогати и унапреди корисничкото искуство на членовите на Diners Club.

diners-club-so-nova-pridobivka-za-pogolema-sigurnost-na-svoite-chlenovi-01.jpg

Со вклучувањето на DC Асистенција во своето богато портфолио на услуги, Diners Club во соработка со ORYX Assistance, на своите членови им овозможува пристап и користење на услугите „Помош на пат“ и „Помош дома“.

Услугата „Помош на пат“ нуди 24 часовна техничка помош на пат, без разлика дали се работи за дефект на возило, невнимателно ракување, надворешни влијанија или сообраќајна несреќа.

Дополнително, корисниците на Diners Club картичка кои ќе ја активираат услугата, можат да ја користат и мобилната апликација „Road Angel“ која препознава случај на сообраќајна несреќа и автоматски испраќа повик за реакција до контакт-центарот на ORYX Assistance.

Услугата „Помош дома“ овозможува техничка помош во домот, до 3 пати во годината, која вклучува целосна организација на помош, сервис и покривање на трошоците на итна интервенција.

Сите членови може да ги активираат пакет-услугите преку мобилната апликација My Diners и да го искористат промотивниот период до 28.2.2022 година, со 50% попуст на услугата „Помош на пат“ и цела година бесплатно користење на услугата „Помош дома“.

Дознајте повеќе за сите придобивки и услуги кои Diners Club им ги нуди на своите членови на diners.mk и аплицирајте за Diners Club картичка на следниов линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg