Магија на гламур и луксуз во Смарагд 1969
- Детали
- четврток, 15 декември 2022
Не случајно слоганот на новата кампања на Смарагд1969 е Ciao Bella, Тhe Magic is here! Новогодишната магија започна вчеравечер со гламурозен настан во East Gate Mall Скопје, каде целото внимание беше насочено кон луксузен накит со префинет вкус, женственост и убавина.
На само две недели од истекот на 2022, препознатливиот бренд за италијански накит Смарагд1969, ја заокружи годината со настан на кој главното внимание беше насочено кон понежната половина. Со новогодишна атмосфера, во која одлично се вклопија звуците на Горан Папаз, леденото искуство со просеко и вкусните слатки закуски во форма на смарагди и златници. Совршен спој за новогодишно, магично искуство, посветено исклучиво за пријателите. Со овој чекор, Смарагд1969 оддаде посебно внимание на своите клиенти подарувајќи им брендирани кутии за одбрани парчиња накит.
Кон присутните се обрати и сопственикот на брендот, г-дин Риљинд Хоџа кој им посака срдечно добредојде:
„Драги наши дами, од особено значење ни е што вечерва заедно ја започнуваме новогодишната празнична магија и воедно ја заокружуваме оваа година. Посакувам и во иднина да ја негуваме традицијата со посебно внимание кон Вас, а со тоа само ќе докажеме дека досегашното 53 годинишно искуство и вашата доверба во нас, нè искачило на ова скалило сега, благодарение токму на овие вредности!”
Брендот Смарагд1969 ја презентираше новата колекција на италијански накит, со внимателно одбрани парчиња, кои ќе го задоволат вкусот на секоја дама. Накитот е со интернационален сертификат на дијамантите и сигурна гаранција на златото.
Смарагд 1969 е достапен со продажни салони во East Gate Mall, ГТЦ и во Старата Скопска Чаршија во Скопје.
Настанот беше одлично технички и креативно реализиран од страна на маркетинг агенцијата Why Agency, на кој сите присутни уживаа во нотата на нежност и софистицираност.
Во подолжение, погледнете ја галеријата на фотографии. Магијата пристигна.