Интернационална Мериот приказна, имплементирана локално во едно од најурбаните места во градот

Ние не сервираме производ, туку цела приказна

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-001.jpg

Дистрикт, како дел од Скопје Мериот, веќе 6та година претставува едно од најкултните места во градот, работејќи по светски признаени Marriott стандарди, имплементирани на локално тло во една урбана градска приказна за сечиј вкус и втор дом на многу генерации.

Разговараме со Никола Јордевски-менаџер на Дистрикт и Ѓорѓи Симјаноски, главниот миксолог, а од неодамна и супервизор, по повод лансирањето на новото коктел мени и идните планови на Дистрикт.

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-05.jpg

Следејќи ги двете претходни едиции на коктел менија, инспирирани од Скопје и природните убавини на нашата земја, неодамна Дистрикт ја лансираше 3та едиција на коктел мени, инспирирано од Славската Митологија и именувано идентично, Slavic Mythology.

Самовила, Баба Рога, Наречници, Џуџиња...се само дел од имињата на новото мени кое изобилува со различни бои, комбинации, вкусови, декорации и секако, приказна раскажана позади секој еден од нив.

И додека многумина се прашуваат од каде потекнува идејата, зошто токму Славска Митологија и зошто тимот на Дистрикт е посебно горд на оваа приказна, одговори нѝ дава Никола Јордевски, менаџер на Дистрикт Бар и Кичен, во рамки на Скопје Мериот, заедно со Ѓорѓи Симјаноски, главниот миксолог и како што колегите го нарекуаат “неодолив коктел шармер”.

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-07.jpg

Работиме по светски стандарди, имплементирани со локални политики, со фокус на домашни производи

Никола вели дека тимот на Дистрикт веќе 6та година успешно плови во сите води и ги надминува сите очекувања, исто толку време претставувајќу градско урбано збиралиште на буквално сите возрасти, генерации и структури, од хотелски гости, домашни, странци, млади кои се во потрага по уникатен амбиент и уживање, бизнис клиенти, вљубеници во добра кујна...а некои едноставно доаѓаат првенствено за луѓето што работат тука и заради услугата...Заеднички именител на сите наши гости е тоа дека тие многу добро знаат што сакаат, имаат истенчен вкус и препознаваат светски квалитет и услуга.

„Работиме по стандарди на Marriott International, но ги имплементираме со локални политики, затоа што нашата цел е локалниот пазар да бенефицира од нашето работење, профитот сам по себе не значи ништо. Истата политика е олицетворена и во создавањето на новото коктел мени, светски производ, локално делување.

Она што е заедничко на сите три едиции е фокусот на домашните производи во преден план, домашни брендови и пијалоци, искомбинирани со свежи овошни сокови и вкусови“, вели Никола

„Правиме магија и буквално уметничко дело од секој коктел, го пакуваме локално, а го продаваме светски по сите салтанати и стандарди.”

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-10.jpg

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-12.jpg

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-11.jpg

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-09.jpg

Коктелите се интересна комбинација од ракија, во комбинација со бел рум и свеж сок од боровница и ананас. Или пак мастика, во комбинација со вотка и свежо цеден лимон и портокал. Џин во комбинација со сируп, сокови од зелено јаболко, декорирани со свежи листови од босилок и исечоци од краставица.

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-08.jpg

Изобилство од бои, вкусови и декорации, цела приказна на дланка која е вистинско доживување за сите наши гости.

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-03.jpg

Приказните во преден план, ние не продаваме само производ или услуга

Ние не го сервираме само коктелот, односно не сервираме само производ и услуга, туку целата приказна, од раѓање на идејата, до процесот на настанување, експериментирање со вкусови и пред се чинот на послужување, зачинет со приказните раскажани на автентичен начин, преку нашиот тим на бармени, коктел мајстори и конобари.-раскажува Никола.

Ѓорѓи Симјаноски е нашиот мајстор за рецепти. Од него ќе слушнете многу анегдоти поврзани со настанокот на коктелите, а такви има многу.

Од сите нив издвојуваме временски рекорд од 4 часа поминати во коктели, разговори и приказни, за животот, за уметноста, и тоа пред наш редовен хотелски гостин од Америка.

„Нема да ја заборавам последната средба и посета на еден наш гостин од Србија, кој е воедно голем вљубеник во Дистрикт и нашите коктели, додека му ја објаснував историјата за Караконџула и водевме неформален разговор, навлегувајќи во психологија, живот и се поврзано со него, тој рече: Животот и неговата вредност и големина не се мери во години, туку колку на секој ден и моменти им даваме вредност, со други зборови, уживањето во секој момент што ни е даден”, вели Ѓорѓи

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-06.jpg

Инспирација влечеме од нашите гости

Луѓето се тие што ја прават приказната уникатна

„Со оглед на тоа дека Дистрикт е дом на многу генерации кои го наоѓаат она што им е потребно кај нас, многу често нè прашуваат дали кога работиме на одреден производ/услуга, мени, коктели итн, имаме на ум посебна категорија на нашите гости. И да и не. Со оглед на тоа дека пазарот е голем и навистина луѓето имаат изобилство од места за бирање, но за нас она што ја прави нашата приказна уникатна се луѓето. Јас ниеднаш досега не сум направил целосно идентичен коктел, секогаш е тоа варијација на декорација или бои, затоа што ме инспирираат клиентите, тие впрочем го вадат и најоброто од мене. Со други зборови, ние растеме заедно и црпиме едни од други, вадејќи го најдоброто”, велат Никола и Ѓорѓи.

Интересно за сите наши лојални гости е што се врзуваат за нашите луѓе. Многу често се случува да доаѓаат и да бараат стриктно Нено, Ѓорѓи или Марко да им го сервира и направи коктелот.

И Никола и Ѓорѓи едногласно велат дека не може да се извдои само еден човек како носител на приказната. Позади секоја успешна приказна стои цел тим.

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-02.jpg

Она што ни е нам посебно важно и посветуваме особено внимание е размена на мислења и искуства меѓусебно. Кај нас одлуките не ги носи еден човек. Позади брендот стои цел тим.

На пример, додека траеше процесот на експериментирање со коктелите, неколку месеци ги враќавме рецептурите и декорациите, затоа што тимот имаше секогаш нови и свежи идеи што вредеше да се имплементираат...и навистина, финалниот производ е резултат на таа тимска работа, но носи поголема тежина и поголема одговорност.

Исто така посветуваме посебно внимание на континуиран тренинг и едукација, не е еден човек носител на проектот, нашата цел е преку овие приказни да обучиме нови бармени кои понатаму ќе ги надградуваат овие приказни и ќе создаваат нови.

Тоа е и клучот, напредокот низ тимска работа.

Луѓето се сè, тие го прават брендот.

Токму и затоа нашата најголема инвестиција е онаа во нашиот тим,а пловиме на долги стази. Тоа се препознава и по нашата услуга. Најбитно од се, нашите гости тоа го препознаваат.

internacionalna-meriot-prikazna-imlementirana-lokalno-vo-edno-od-najurbanite-mesta-vo-gradot-04.jpg

Одрживоста на приказната на долги патеки останува секогаш наш фокус во иднина

Да се создаде бренд е тешко, да се одржи бренд на долги патеки е уште потешко, посебно за гости што точно знаат што сакаат и имаат големи очекувања од нас. Нашата задача која се претворила и во рутина низ годините е токму таа, точно да препознаеме кој гостин што сака и секако да ги задоволиме сите нивни сетила и барања.

Со секој следен успешен проект имаме уште поголема одговорност да бидеме уште подобри и покреативни следниот пат.

Наш фокус останува квалитетот, наспроти квантитет, односно да продолжиме да пловиме на долги патеки со нашите гости, нудејќи им персонализиран пристап, светски амбиент и урбани градски приказни, зачинети со врвни кулинарски мајстории.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg