Gorenje е перспективен „бруцош“ на FIFA World Cup Qatar 2022™
- Детали
- четврток, 15 декември 2022
За прв пат, Gorenje учествува на FIFA World Cup Qatar 2022™ како официјален спонзор. Ова е можност за етаблираниот европски производител на апарати за домаќинство да ја зајакне препознатливоста на брендот и имиџот надвор од сегашните пазари. Во историјата на светските првенства има еден фудбалер кој успеа да го направи тоа на своето деби - одличниот Пеле и понатаму е најмладиот играч кој учествувал на Мундијалот и го освоил.
Дебитантот кој владееше со играта
Сè уште стои рекордот на најдобар „бруцош“ на светското првенство. Неверојатниот Пеле имаше само 17 години и 249 дена кога му помогна на Бразил да го освои првиот трофеј на светското првенство во 1958 година. Овој одличен турнир беше почетна точка за непознатиот дебитант на неговиот пат да стане еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Така, Светското првенство во Катар за Gorenje е вистинската можност да се сподели приказната за одлични, ефикасни и напредни производи со фудбалските фанови на терените на овој престижен турнир.
Подгответе се за тимот на „свежи играчи“ на Gorenje
Љубителите на фудбалот и експертите шпекулираат кои се младите кои ќе блеснат во Катар 2022 година, а Gorenje како официјален спонзор веќе ги претставува избраните „свежи играчи“ – официјални производи на FIFA World Cup Qatar 2022™. Ајде да дознаеме повеќе за нивните врвни атрибути. Фрижидерите на Gorenje обезбедуваат храната да остане совршено свежа и крцкава долго време со технологијата IonAir и MultiFlow 360°. Системот AdaptTech ги препознава вашите навики и ја оптимизира температурата секогаш кога ќе го отворите фрижидерот, што веројатно ќе се случува почесто за време на светското првенство. No frost plus технологијата достапна во комбинираните фрижидери на Gorenje спречува таложење мраз и затоа троши помалку енергија.
Gorenje FIFA World Cup Qatar 2022™ • Време е за освежување!
Освежително атрактивна понуда
Како официјални производи на FIFA World Cup Qatar 2022™, апаратите од Gorenje се избрани да станат дел од вашиот домашен победнички тим. Дознајте повеќе за квалитетот и ефикасноста на Gorenje и одвојте време да ја проверите одличната освежувачка понуда: Уживајте во FIFA World Cup Qatar 2022™ | gorenje-mk. Достапно само на mk.gorenje.com или кај најблискиот партнер на Gorenje.
За спонзорството на Gorenje на FIFA World Cup Qatar 2022™
Gorenje со децении ја гради свеста за брендот спонзорирајќи ја европската ракометна лига, а во последните две години брендот успешно влезе и во светот на фудбалот. Спонзорството на Gorenje на FIFA World Cup Qatar 2022™ е повеќе од само објавување на името на брендот и логото. Станува збор за посветеноста на компанијата да го поддржи светот на спортот, градејќи репутација како грижлив, одговорен и силен бренд на апарати за домаќинство. Дополнително, поддршката на спортот значи активно да се биде значаен дел од првенството, како и партнер на навивачите во нивното секојдневие. Со развивање и производство на модерни, висококвалитетни, сигурни и енергетски ефикасни апарати за домаќинство, Gorenje им помага на луѓето да го поедностават својот живот. Ова им овозможува на купувачите ширум светот да поминуваат повеќе време уживајќи во она што го сакаат и со оние кои ги сакаат, а помалку време да се грижат за нивните секојдневни задолженија и обврски.