Халкбанк обезбеди 120 садници за зазеленување на повеќе локации во Кочани
- Детали
- среда, 14 декември 2022
Вчера во Кочани започна голема акција за засадување на нови садници низ училиштата, градинките, градскиот пари и одделни зеленила во градот, како донација од Халкбанк АД Скопје реализирана во рамките на платформата HalkEco.
За потребите на оваа акција, банката обезбеди 120 садници кои се набавени со средствата собрани од котизациите за учество во хронометар велосипедската трка HalkVeloGreen што банката традиционално, трета година по ред, на 8 септември ја организираше во Маврово.
Садењето е планирано да трае до овој петок.
Во него учествуваат вработените од банката заедно со претставници од училиштата и градинките, а присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.
Халкбанк во земјава е препознаена како еко ориентирана компанија која перманентно вложува во заштита на животната средина, како во зазеленување на земјава со нови дрвја, така и во организирање и давање поддршка на низа други активности кои се во насока на негување здрави животни навики и заштита на природата.
Сите овие активности се реализираат преку платформата HalkEco чија основна цел е давање придонес и подигање на свеста за потребата од поголема грижа за природната околина. Од стартот на платформата досега Халкбанк има донирано над 33.000 садници.
„Зачувувањето на шумскиот фонд и целокупната благосостојба на нашата планета, нè засега сите и затоа ние како еко-ориентирана банка даваме активен придонес за подобра животна средина на локално и на глобално ниво. За реализирање на овие цели формиравме платформа HalkEco преку која што организираме кампањи и низа акции и иницијативи и настојуваме да оставиме траен белег придонесувајќи кон подобра, почиста и поздрава животна средина за сите нас. На овој начин во исто време поттикнуваме повисока одговорност кај секој чинител во општеството“, велат од Халкбанк.
Преку HalkEco, освен пошумување, се реализираа и низа други активности како реконструкција на мостовите во Градскиот Парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост и донација на корпи за отпадоци во Крушево, уредување на Халк Корнер во ТЦ Лептокарија и во Гостивар, донирање на HalkEco инклузивно игралиште во основно училиште во Тетово и Охрид, поддршка на најразлични трки и други спортски активности, но и организирање ХалкВелоГрин трка во Маврово.
Халкбанк активно инвестира во подобрување на еколошката средина за сегашните и за идните генерации. Во глобални рамки, Банката е дел и од коалицијата „Priceless planet“ заедно со Mastercard, чија цел е да се засадат 100 милиони дрва низ светот во следните години, се до 2025 година.