Халк осигурување го претстави новиот Управен Одбор
- Детали
- вторник, 13 декември 2022
Пред завршувањето на 2022 година компанијата за неживотно осигурување Халк Осигурување АД Скопје го претстави својот Нов Управен Одбор во кој членуваат Ило Ристовски – Претседател на Управен Одбор и Генерален директор на Халк Осигурување АД Скопје, Селин Шакарер и Игор Доневски членови на Управниот Одбор на компанијата.
Секој од членовите на Управниот одбор има најмалку 20 годишно искуство во областа на осигурителната дејност, со јасна визија и стратешки пристап кон работењето на Халк Осигурување АД Скопје во иднина.
Во претстојниот период осигурителната компанија најавува нови продукти и услуги, зголемување на пазарното учество, проширување и јакнење на продажната мрежа на ниво на цела Македонија, професионален и транспарентен пристап во работењето со клиентите како и адекватно и навремено исплаќање на оштетните побарувања.
Во доста комплексно време на функционирање на целиот бизнис сектор, како и во една од поголемите финансиски кризи со кои се соочува светот, новите стратешки цели кои ги постави Новиот менаџмент на Халк Осигурување АД Скопје влеваат доверба и сигурност за стабилност на функционирањето на компанијата во иднина.