ИутеКредит ја воведува првата биоразградлива картичка во земјата
- Детали
- понеделник, 12 декември 2022
Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата.
Новата ИутеКредит Mastercard картичка е целосен новитет на македонскиот пазар, бидејќи е направена од специјален биоразградлив материјал наречен PLА (polylactic acid). PLA материјалот се добива со преработка на пченкарен скроб во PLA смола, од која подоцна се прават различни производи меѓу кои и платежни картички.
PLA картичките се изработуваат од пченка која се одгледува во Небраска (САД), која е различна од пченката за исхрана така што изворите на храна не се загрозени. Само 0.02% од глобалната површина за земјоделство се користи за производство на биопластика.
Од друга страна, обичната пластика е огромен загадувач и потребни се повеќе од 400 години за да се разгради, а до сега се произведени 8 билиони тони пластика. Затоа, користењето на овој тешко разградлив материјал треба да се запре уште во самото производство на нештата.
IuteCredit е партнер на финансискиот гигант Mastercard веќе четири години и е единствено финансиско друштво во Македонија и регионот кое има лиценца да ја издава картичката. Секој што ќе аплицира за кредит може да стане и сопственик на Mastercard и да има средства достапни 24/7.
IuteCredit Mastercard може да се користи како и секоја друга платежна картичка на банкомати во земјата и странство, во продажни објекти и за онлајн купување. Корисниците на IuteCredit Mastercard користат бројни бенефити и имаат можност да бидат дел од наградни игри со уникатни и атрактивни награди.