Symphony Digital (Симфони Дигитал) го отвора првиот технолошки центар во Македонија
- Детали
- среда, 07 декември 2022
Symphony Digital (Симфони Дигитал) има влијание на ИТ пазарот во Македонија од 2019 година. Кога за прв пат го отворија својот инженерски центар во Скопје, тие воедно и ја поставија основата за нови можности за талентирани IT инженери, истовремено активно придонесувајќи за развојот на локалниот ИТ еко систем.
Оттогаш, Symphony Digital (Симфони Дигитал) гради и негува силен тим кој успешно соработува со водечки компании во банкарскиот, здравствениот, трговскиот, транспортниот и енергетскиот сектор за развој и спроведување на врвни дигитални производи.
За крунисување на успесите и резултатите во претходните четири години, во среда, 14 декември 2022 година, Symphony Digital (Симфони Дигитал) официјално ќе го отвори технолошкиот центар во Скопје, прв од ваков вид во Македонија. Ова е трет технолошки центар на Symphony Digital (Симфони Дигитал) во Југоисточна Европа, по Нови Сад и Сараево.
Следејќи ја истата визија за создавање простор кој одговара на потребите на вработените, при тоа овозможувајќи им да се среќаваат, да соработуваат и да растат заедно, се надеваме дека ќе го видиме новиот технолошки центар Symphony Digital (Симфони Дигитал) како место на кое се раѓаат иновациите и се споделува знаење и место на кое се одржуваат значајни и квалитетни настани, како и во нашите останати технолошки центри.
Технолошкиот центар Symphony Digital (Симфони Дигитал), со 2.200 квадратни метри, содржи повеќе од 15 конференциски сали, сауна, теретана, зона за релаксација и забава и тераса на покривот, а приземјето нуди широк простор од отворен карактер. Столбовите на кои се заснова Symphony Digital (Симфони Дигитал) се постигнување на извонредни резултати притоа создавајќи мотивирачка атмосфера за секој член на заедницата.
„Symphony Digital (Симфони Дигитал) нуди многу можности. Ние се стремиме да го направиме овој простор да биде плоден не само за вработените, туку и за локалната ИТ заедница во Скопје. Нашиот технолошки центар во Скопје е уште еден одличен пример за нашата визија, која секојдневно ја живееме во нашата работа и однесување. Го препознавме талентот на инженерите од Македонија пред многу години и денес, со новиот технолошки центар, правиме огромен чекор напред кон подобрување и унапредување на нашата работна средина, со многу пошироко влијание врз локалната економија, како и развивање на микро-заедниците во Скопје“, изјави Зоран Маневски, директор на Symphony Digital (Симфони Дигитал).