Домашни производи најпознати брендови во категоријата млеко и јогурт

Во двете категории, млеко и јогурт првата позиција ја заземаат брендовите на Битолска Млекара, Битолски Јогурт и Битолско Млеко како најпознати брендови за македонските потрошувачи. 

domashni-proizvodi-najpoznati-brendovi-vo-kategorijata-mleko-i-jogurt-01.jpg

Инсајдер ИД трета година по ред анализира кои се најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија. Истражувањето се базира на мислењето на потрошувачите во однос на тоа кој е најпознат бренд без разлика дали активно го консумираат брендот. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,250 активни потрошувачи во Македонија за 17 различни категории на производи.

Согласно анализата на карактеристиката препознатливост, брендовите на „Бимилк“, Битолски Јогурт и Битолско млеко се издвојуваат на пазарот и заземаат значајна позиција во перцепцијата на македонскиот потрошувач. Денешниот изглед на брендот претставува резултат на долгогодишно искуство во производството на течен асортиман кое влече корени од 1952 година проследено со континуирано унапредување на квалитетот. Широкото портфолио на компанија и успешната комуникациската стратегија на истото овозможува запознавање со брендот со сите групи потрошувачи и доближување до нивните вкусови и потреби. Исто така, како компаративна предност на брендот „Бимилк“ претставува флексибилноста  при промена на трендовите на пазарот и унапредување на брендот преку лансирање на нови производи.

Според истражувањето позицијата на овие два бренда е стабилна на нашиот пазар и нема значајна промена во однос на истражувањата од изминатите две години. Тие бележат високо учество од 54% односно 46% од вкупно обработените резултати во двете категории. Достигнување на учества од над 50% во високо интензивни категории, посочува доминантна позиција на пазарот.

Во Македонските маркети се нуди широк асортиман на млечни производи особено во категориите Млеко и Јогурт. Брендот го застапува квалитетот и се што е вклучено во еден производ. Од претходните истражувања до Инсајдер ИД, тоа што е клучно за еден бренд е да биде континуирано позициониран на полиците.

Во однос на конкуренцијата на пазарот, важно е да се напомене дека потрошувачите споменале вкупно 15 домашни и странски брендови во категоријата „Млеко“ и категоријата „Јогурт“. Во првата категорија „Млеко“, потрошувачите со 68% имаат избрано бренд од домашна компанија, додека пак 32% од странска компанија, во однос на тоа каде се произведува. Во категоријата „Јогурт“ повторно поголем процент од потрошувачите имаат избрано домашен наспроти странски бренд со 81% наспроти 19%.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg