Паметни системски решенија за станбени и деловни простории - Energy Intelligence го отвори новиот изложбен салон во Скопје
- Детали
- вторник, 06 декември 2022
Energy Intelligence го отвори својот нов изложбен салон во Скопје, кој е направен како симулација на простор каде може целосно да се доживеат искуствата од паметните системски решенија за станбени и деловни простории.
Компанијата е основана во 2017 година и обезбедува паметни системски решенија вклучувајќи интелигентни уреди, софтвер и серверски услуги. Паметните системски решенија се однесуваат на целосна автоматизација на уредите во просторот, контрола на осветлување, системи за греење и ладење, безбедносни системи, видео надзор, видео домофонија, кои се дизајнирани да придонесат и за зголемена енергетска ефикасност. Energy Intelligence е ексклузивен застапник за Македонија за светски познатите брендови Livolo, Orbivo, Slinex, Ekinex, Avolt, BecaSmart.
Широкиот асортиман на производи и услуги на Energy Intelligence им овозможува на клиентите да имаат контрола и ефикасност над своите домови и други имоти со лесни за употреба системи кои користат најнова технологија, хардвер интегриран со софтверска апликација. Покрај своите специјализирани и искусни инженери, операциите на компанијата вклучуваат дизајнирање на проектот според потребите на клиентите, снабдување со компоненти, инсталација, конфигурација и поддршка по продажбата.
Како што светот тргна на иновативното патување на дигитална трансформација, технологиите на паметните системи стануваат исклучително распространети речиси во секој сектор. Energy Intelligence има тенденција за споделување на чувството за уметност во рамките на проектите, давајќи им можност на клиентите да го прошират својот хоризонт, преку сигурни и долготрајни системи за автоматизација за паметни решенија.
Комплетот производи и услуги што ги обезбедува Energy Intelligence овозможува функционалности и способности кои можат да се групираат во три категории - контрола, мониторинг и автоматизација. Производите и услугите на компанијата се создадени за обезбедување технолошки системи во станбени, комерцијални и деловни средини кои додаваат вредност на секој проект.