Виталиа и оваа година е најпрепознатлив бренд за Здрава храна
- Детали
- понеделник, 05 декември 2022
Во текот на изминатата година Виталиа ја зацврсти својата позиција како лидер на пазарот за Здрава храна во земјата, а потврда за тоа е признанието за Најпознат бренд во оваа категорија.
Домашните потрошувачи преферираат производи на кои им веруваат. Ова беше заклучокот од годишното истражување на агенцијата Инсајдер ИД, според кое Виталиа повторно беше избран како Најпознат бренд во категоријата Здрава храна на македонскиот пазар. Истражувањето наведува дека и покрај тоа што Виталиа беше прворангирана во истата категорија и минатата година, во оваа година забележува пораст на учеството на пазарот и дополнително ја зацврстува својата позиција како лидер во полето на здрава исхрана.
Истражувањето покажа дека дури 48% од испитаниците го препознаваат брендот Виталиа и тој им претставува прва асоцијација кoга ќе се спомене здрава храна. Практично, секој втор потрошувач во земјата ја поврзува Виталиа со термините здрави прехранбени производи и здрава храна.
Успехот на брендот се должи на лојалноста на задоволните потрошувачи, кои во производите на Виталиа веќе 29 години препознаваат сојузник на нивното здравје, особено денес, во пост-пандемичен свет каде е значително зголемен интересот за здрава исхрана и креирање здрави прехранбени навики.
Виталиа со таргетирање на различни популациски групи оваа година претстави и неколку нови, иновативни производи кои ги задоволуваат потребите на современиот потрошувач.
Гранолата без додаден шеќер особено се популаризираше по претставувањето на пазарот како вкусен избор за појадок, без додадени шеќери, а со многубројни нутритивни бенефити.
Веганските смеси доминираа на трпезата за време на Велигденските пости, а сега се актуелни и со Божиќните пости, како и за сите оние кои следат вегански режим на исхрана, во кој се бара здрава и високонутритивна алтернатива за месо и месни продукти.
А тука е и линијата PROBIOTIC, која благодарение на оригиналната рецептура го доби и престижното признание за иновативност на Саемот ISM Келн.
Висококвалитетните производи, фокусот кон иновација и континуираните вложувања кон заедницата покажуваат зошто Виталиа ја има довербата на потрошувачите, кои продолжуваат да ги купуваат нивните омилени здрави производи.
Виталиа им се заблагодарува на своите потрошувачи кои континуирано помагаат во создавање на најпрепознатливиот бренд за здрава храна во Македонија, и потврдува дека и во иднина ќе продолжи да ја испишува својата успешна приказна.