Отпадот е ресурс
- Детали
- понеделник, 05 декември 2022
Секој ден, тони од комунален, комерцијален и индустриски отпад се депонираат и покрај напорите низ светот истиот да се намали, реупотреби или рециклира. Во меѓувреме, градовите продолжуваат да се шират и често ги надминуваат локалните капацитети за справување со отпад.
Ако живеете во урбана средина, постои голема можност да има фабрики близу до вас што произведуваат цемент и бетон. Ова се есенцијални материјали за изградба на цврсти градби за домување и инфраструктура.
Кога отпадот од една индустрија може да се употреби како гориво за друга индустрија, концептот за циркуларна економија, одеднаш станува реалност.
Погледнете го видеото подолу и на реален пример ќе видите како користењето на отпадот како ресурс е реалност денес во светот: