Познатиот дански научник д-р. Петер Холме Јенсен во Скопје
- Детали
- понеделник, 28 ноември 2022
Познатиот дански научник и сопственик на компанијата Aquaporin A/S, Др. Петер Холме Јенсен во Скопје како гостин на компанијата Екотип одржа презентација на тема „Предизвикот со соединенијата PFAS и можностите за нивно филтрирање од водата за пиење“.
Соединенијата PFAS односно Перфлуороалкил и Полуфлуороалкил за кои е утврдено дека се многу штетни по човечкото здравје и предизвикуваат широк спектар на заболувања, се речиси непознати за македонската јавност. Овие соединенија можат да се најдат насекаде околу нас, во воздухот, предметите, почвата па дури и во храната и водата за пиење. Токму овие релативно нови научни сознанија ја алармираа светската научна јавност да започне јавни дебати и да направи бројни истражувања и анализи. Господинот Јенсен информираше за охрабрувачките резултати од анализите во нивните лаборатории според кои е испитувана нова технологија на филтрација развиена според природните процеси кои природата ги усовршувала милиони години.
Комерцијалниот директор на Aquaporin A/S, Г-дин Ким Андерсон го претстави прочистувачот на вода за домашна употреба A2O Pure кој во комерцијална употреба треба да се појави во февруари 2023 година и претставува највисоко технолошко достигнување во индустријата за технологија на водата. Овој уред ја филтрира водата по принципот на селективна биомимикрија, што е потполно истиот процес при кој што природата ја филтрира водата од останатите соединенија. Овој процес е целосно природен и е најсовршениот систем за филтрација на водата што во моментов е развиен во индустријата. Но уредот A2O Pure e воедно и првиот уред за прочистување на водата што покрај тешките метали и другите загадувачи во водата ги филтрира и штетните соединенија PFAS. Со овие можности но и со останатите перформанси на овој уред, Aquaporin A/S станува технолошки лидер на пазарот за технологија на вода а стручната јавност добива одговор на прашањето дали постои можност соединенијата PFAS да се прочистат од водата за пиење.
Гости панелисти на презентацијата беа домашните експерти Професорот д-р. Андон Чибишев и нутриционистот Љупче Трајчев.
Компанијата Екотип од Скопје која е партнер на Aquaporin A/S навремено ќе ја информира јавноста за светската премиера на производот.