Јуниорите на Алкалоид со најмногу медали на екипното првенство во шах

На 19 и 20 ноември во Скопје се одржа екипното младинско првенство на Македонија во шах, каде што претставниците на ШК Алкалоид освоија најмногу медали во сите конкуренции.

juniorite-na-alkaloid-so-najmnogu-medali-na-ekipnoto-prvenstvo-vo-shah-01.jpg

Екипите беа поделени по возрасни категории, при што јуниорите на нашиот најтрофеен шаховски колектив освоија медали во секоја конкуренција каде што настапија.

На крајот, ШК Алкалоид имаше „шест од шест“, односно медал со секоја екипа која беше составена од најмалку четири играчи (плус резерви).

Во конкуренциите каде што имаше повеќе од четири пријавени екипи, беа направени Група А и Група Б, по што по две најуспешни од двете одеа во финалната група и се бореа за медали.

Повеќе детали ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg