Халкбанк едуцира: Како да ја изберете банката во која што ќе бидете примател на плата?

Во деловните стратегии на денешното модерно банкарство сè повеќе примарно место зема ориентацијата кон клиентите и создавањето на долгорочни партнерски релации со нив.

halkbank-educira-kako-da-ja-izberete-bankata-vo-koja-shto-kje-bidete-primatel-na-plata-01.jpg

Овој вид на партнерство подразбира водење грижа за нивните потреби и креирање производи што соодветно ќе одговорат на тие потреби и барања и воедно ќе го олеснат нивното секојдневие. Како што и самиот слоган на Халкбанк – „Важни се луѓето” вели, за Банката најважно е негувањето на односите со клиенти и воведувањето иновативни решенија за сите предизвици со кои клиентите се соочуваат.

Клиентот ја започнува својата приказна со една Банка преку отворање на трансакциска сметка, за вршење на најразлични тековни трансакции и за примање на плаќања врз основа на личен доход или пензија. Примањето на плата или пензија во една Банка отвора и многу полиња за понатамошна соработка со институцијата, односно нуди голем број на привилегии и бенефиции за клиентот.

Првата предност за примателите на плата преку Халкбанк е добивањето Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која што клиентите можат да подигнуваат готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија. Оваа можност нуди целосна слобода за клиентот бидејќи секој корисник своите средства може да ги подигне од најблискиот банкомат.

Со добивање плата преку сметка во Халкбанк се добива и можност за дозволено пречекорување на тековната сметка во висина до три месечни плати, кое секако не мора да се користи, но е „секогаш на дофат“ доколку се појави непредвидлива потреба за средства.

Исто така, клиентот може да стане корисник и на некоја од кредитните картички од светските брендови Visa и MasterCard со кои не само што секогаш се има „сигурна резерва„ на средства, туку истите нудат и можност за пазарување на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор за плаќање на рати без камата и голем број на други бенефиции кои ги нуди секоја картичка поединечно.

За корисниците на кредитни картички Халкбанк ја има креирано и Бонус програмата со која што при пазарување со кредитната картичка на одредени продажни места и во одредени периоди се добива одреден процент на бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, на овој начин се остваруваат средства кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк.

halkbank-educira-kako-da-ja-izberete-bankata-vo-koja-shto-kje-bidete-primatel-na-plata-02.jpg

За полесно управување со средствата на трансакциската сметка на клиентот, Халкбанк нуди и современо, брзо и сигурно електронско и мобилно банкарство кое овозможува добивање нотификации за примена плата како и за секој прилив и одлив, но и извршување на сите останати обврски online .

Преку електронското и мобилното банкарство, клиентот може во неколку едноставни чекори да креира и Онлајн депозит или пак да добие дополнителни средства на својата сметка без физичка посета на Банка преку Онлајн кредитот на Халкбанк.

Електронското и мобилното банкарство на Банката нудат услуга и за брзо и лесно префрлување на средства на контакт од телефонскиот именик на клиентот кој има активна сметка во Халкбанк преку услугата Smart Send. Исто така како корисник на електронското и мобилното банкарство преку услугата Смарт кеш клиентот може да повлекува готовина од банкомат на Халкбанк само со код кој се генерира преку електронското и мобилното банкарство, а без физичко поседување на картичката во моментот.

Секако, како приматели на плата во Банката клиентите ги добиваат и кредитните производи на банката по најдобри услови на пазарот, како Станбен кредит или Потрошувачки кредит кој може да се добие во брза процедура.  

Донесувајте разумни одлуки, одберете партнер кој ќе внимава на вас и на сигурен начин ќе води грижа за вашите финансии и секако искористете ги многубројните поволности кои Халкбанк ги нуди за своите клиенти. Станете примател на плата или пензија во Банката и бидете дел од Халкбанк смејството.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg