Нова најатрактивна понуда за депозити во денари и во евра, во Шпаркасе банка

Кога станува збор за штедење, важно е да изберете сигурен и стабилен партнер со кого секогаш добивате нешто Плус.

nova-najatraktivna-ponuda-za-depoziti-vo-denari-i-vo-evra-vo-shparkase-banka-01.jpg

Шпаркасе Банка креираше атрактивна промотивна понуда што трае до 31.12.2022 г. – Депозит Плус со фиксни каматни стапки за целиот период на орочување.

Депозит Плус е наменет за клиентите што се заинтересирани да штедат на подолг период во денари и во евра.

Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период.

Кога станува збор за условите, денарските депозити може да се отворат на 13, 24 и на 36 месеци, со фиксни каматни стапки за целото времетраење на орочениот депозит и достигнуваат до 2,50% годишна камата за депозитите на 24 месеци. Девизните депозити во евра може да се отворат на 12 месеци со каматна стапка 0,80%, додека за 25 месеци каматната стапка изнесува 1,30%. Минималниот влог за орочени депозити изнесува 2.000 МКД, односно 100 ЕУР.

Исплатата на каматата се врши на доспевање или месечно, а реорочувањето е автоматско.

Штедењето претставува благородна навика што, на долг рок, ни носи сигурност и стабилност. Токму затоа е важно да одберете вистински партнер за штедење со кој секогаш добивате нешто плус, како што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg