A1 Game Fest и оваа година со рекорден број натпреварувачи

Скопје, 18.11.2022 – Највозбудливиот и најголемиот е-спорт и гејминг настан, А1 Game Fest, во организација на А1 Македонија во соработка со GG.MK, и оваа петта година по ред ги надмина очекувањата со рекордни 827 натпреварувачи. На финалето на 28ми и 29ти октомври, над 50.000 посетители во Skopje City Mall, и исто толку гледачи на преносот во живо имаа можност да бидат дел од ова вистинско гејмерско доживување.

a1-game-fest-i-ovaa-godina-so-rekorden-broj-natprevaruvachi-01.jpg

Учесниците се натпреваруваа во: DOTA 2, Call of Duty:Warzone, FIFA 23, Tekken 7, Clash Royale, Board Games, како и Cosplay натпревар со рекорден број на учесници, многу дебитанти и дефинитивно најуспешни маски досега.

Годинава за прв пат преку 5G мрежата на А1 се одржа натпревар во Reality Awakens трка со RC коли во живо во центарот на Скопје, со кои беа извозени преку 50 км.

a1-game-fest-i-ovaa-godina-so-rekorden-broj-natprevaruvachi-02.jpg

Двата финални дена на А1 Game Fest беа проследени со коментатори за секоја игра поединечно, со 20 часовен стриминг во живо на каналот GG.МК и пренесени преку најсовремената оптичка мрежа на А1 Македонија, со потрошени повеќе од 10 терабајти ултра брз интернет. Во живо од самиот настан стримаа поединечно 4 стримери, едни од најактивните во македонската гејминг заедница.

Програмата на А1 Game Fest 2022 беше збогатена со нови содржини креирани од партнерите на најголемиот е–спорт настан: Coca-Cola, Квики на Подравка, Redragon, Xiaomi и Insomnia кои обезбедија награди за победниците и многу изненадувања за публиката.

a1-game-fest-i-ovaa-godina-so-rekorden-broj-natprevaruvachi-03.jpg

Coca-Cola, партнерот на А1 Game Fest 2022, навистина се погрижи секој посетител да сподели возбуда и да ужива во Tekken 7, како и во бројни подароци и изненадувања на специјално дизајнираните барови. Покрај забавата со Coca-Cola, секој посетител на овогодинешниот А1 Game Fest беше дел од акцијата за рециклирање на искористените амбалажи на уникатно означено место, со иновативен Coca-Cola дизајн.

a1-game-fest-i-ovaa-godina-so-rekorden-broj-natprevaruvachi-04.jpg

Квики беа официјалните грицки на А1 Game Fest 2022, а во Квики корнерот каде се играше FIFA23 стримаше во живо познатиот јутјубер Steffonator.

Овoгодинешното издание е само уште еден чекор поблиску до светските е-спорт настани. А1 Македонија останува во ритам со најновите трендови и активно ја следи динамиката на модерното време и се стреми кон уште повозбудливи, иновативни изданија на A1 Game Fest.

a1-game-fest-i-ovaa-godina-so-rekorden-broj-natprevaruvachi-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg