Не фрлај. Е-циклирај
- Детали
- четврток, 17 ноември 2022
Природата сама по себе, не создава отпад. Се што во неа расте и се развива, има природен кружен процес на враќање назад во самата природа и одново растење и создавање живот.
Низ своето постоење, човештвото создаде систем на линеарна економија, каде за производство на производи и услуги се користат суровини кои подоцна не се обновуваат. Односно, речиси и да нема повторна употреба, намалување на материјалите, рециклирање или макар обновување на овие суровини. Резултатот на линеарната економија се големи количини на отпад кој се акумулира на планетата и има неповратни негативни последици врз животната средина.
Циркуларната економија е алтернативно решение за сегашната линеарна економија, односно модел кој се заснова на принципите на активно планирање на отпадот, одржување на производите и материјалите подолго време во употреба и регенерирање на природните системи. Производителите се охрабруваат да направат производи кои се потрајни и лесни за поправка, повторно производство и повторна употреба, со што не само крајниот производ, туку и неговите компоненти и суровините од кои е направен ќе можат да бидат рециклирани, реобновени и повторно искористени. Преминот кон циркуларна економија ќе има низа придобивки за економијата, нашата животна средина и за луѓето - намалување на притисокот врз природните ресурси, подобрување на сигурноста на снабдување со суровини, стимулирање на иновации и поттикнување на економски раст се само дел од бенефитите кои ги нуди циркуларната економија. На потрошувачите пак, ќе им бидат обезбедени потрајни и иновативни производи кои ќе бидат подобри и ќе им заштедат пари на долг рок.
Рециклирањето на електричен и електронски отпад е дел од концептот на циркуларна економија, кој се повеќе се развива и применува. Поголем дел од отпадот од електрични и електронски апарати завршува во депониите како комунален отпад. Овој вид отпад во својот состав содржи олово и други токсични елементи, кои можат да предизвикаат загадување на животната средина, а имаат и штетно влијание врз здравјето на луѓето.
Она што треба да се знае е дека технички, речиси 100% од електричниот и електронски отпад може да се рециклира!
Компанијата Екон Електрон како компанија која одговорно се бави со безбедно селектирање и рециклирање на електричен и електронски отпад, нуди низа информации околу целиот процес на рециклирање на овој тип на отпад, од кој можете да се ослободите на некое од собирните места за мали апарати и уреди на Екон Електрон низ целата држава. Тие нудат и бесплатно преземање на големи апарати и уреди од отпадна електрична и електронска опрема на територијата на Град Скопје, за кое може да пополните онлајн форма за преземање на електронски отпад или да се јавите на нивните контакт телефони отворени за граѓаните.
Бидете одговорни кон себе и кон животната средина, ослободете се од токсичниот отпад!