Сигурна заштеда со ПроКредит Банка: Најдобри каматни стапки за орочени депозити

ПроКредит, како единствена банка со германски капитал во земјава, посветено работи на градење култура на штедење и инвестира во финансиска едукација на своите клиенти.

sigurna-zashteda-so-prokredit-banka-najdobri-kamatni-stapki-za-orocheni-depoziti-01.jpg

Во најновата кампања, ПроКредит ги нуди најдобрите каматни стапки на пазарот за орочени депозити во евра, како и во денари. Покрај сигурната заштеда за иднината, орочениот депозит на ПроКредит Банка носи и дополнителни поволности за клиентите:

  • Фиксна и загарантирана каматна стапка
  • Орочување на 25 месеци - 1,8% за евра и 2,5% за денарски депозити
  • Можност за орочување на заштедата директно преку е-банкарство
  • Високо-професионална услуга и поддршка од Личен банкарски советник

Тоа по што клиентите ја препознаваат ПроКредит банка на пазарот се дигиталните банкарски услуги и можноста за онлајн аплицирање, дури и за орочен депозит. Процесот е едноставен и целосно онлајн, со што дополнително се заштедува време.

„Една од нашите главни заложби како банка е промоција на културата на штедење, па затоа и преку нашите промотивни кампањи нудиме најдобри услови на пазарот кои очекуваме дека ќе ги мотивираат граѓаните да се одлучат да ги инвестираат своите средства во иднината. Но, тоа не го правиме само преку промоција на добри каматни стапки, туку и преку едукација. Tоа што е уникатно за нас на пазарот е што и покрај целосно дигитализираниот процес, ПроКредит нуди персонализирана услуга за секој клиент кој добива свој личен банкарски советник. Оваа услуга е целосно бесплатна и е достапна за секој клиент на банката кој има потреба од совет за инвестирање, штедење или кредитирање. На наше големо задоволство, клиентите навистина знаат да го препознаат квалитетот на нашата професионална услуга и имаме одличен фидбек од пазарот.” изјавија од ПроКредит банка.

ПроКредит е веќе одамна етаблирана како сигурна банка со високо-квалитетното кредитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност, што се клучен фактор при избор на банка каде штедачите ги инвестираат своите средства. Дополнително, високиот кредитен рејтинг потврден од реномираната меѓународна агенција Fitch Ratings е потврда за квалитетното работење на банката и нејзината стабилност на пазарот.

„На крајот, но можеби и најважно – со нашите клиенти ги делиме вредностите во кои силно веруваме, а се однесуваат на иднината. Имено, средствата од депозитите се инвестираат во проекти кои промовираат долгорочна одржливост на општеството. Па така, над 90% од кредитното портфолио нa ПроКредит е пласирано во мали и средни претпријатија кои се главни генератори за  нашата економија, а истовремено 20% од вкупните кредити се пласирани во енергетско ефикасни проекти и проекти за заштита на животната средина.”

Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб страницата на ПроКредит Банка

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg