Ивана од салонот за плочки Керапро: „Го наследив семејниот бизнис од родителите од пред 30 години - честа е огромна“

„Зад секоја успешна приказна се кријат многу промени, успешни и неуспешни обиди и се разбира верба во сонот кој се сонува, а зад секој квадратен метар, се крие изненадување...“, споделува Ивана од Керапро, архитект, која го наследи семејниот бизнис од своите родители Нешо и Буца, исто така архитекти.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-001.jpg

Приказната за Керапро, изложбен салон за плочки и проектантско биро, започнува во 1991 година, Ненад Костовски Нешо како архитект кој во тоа време не се занимаваа со својата професија одлучува да ги искомбинира трговијата со уметноста и да донесе продукт кој во себе ја содржи практичноста, а се одликува со естетика.

Така станува првиот увозник за италијанска керамика на брендот Панариа.

Во неговата приказна се вклучува Вера Костовска Буца, неговата сопруга која е исто така архитект, и заедно создаваат фамилијарна фирма која до ден денес ги носи во себе фамилијарните традиции.

Годините се нижат, а бизнисот полека ја зацврстува својата позиција на пазарот. Ако прашате некого што го посетил салонот, прво што ќе ви кажат e пријателскиот, а воедно и професионалниот однос, кој го добива секој клиент.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-02.jpgНекогаш

Во Керапро со години работат архитекти, кои освен што ги продаваат плочките, ги советуваат клиентите за сите естетски и градежни проблеми за најпрофесионално решавање на вашата бања, кујна, базен или секоја друга просторија која би сакале да ја разубавите со уникатни плочки.

За оние кои можеби го паметат, првиот салон се наоѓаше зад Собранието, па се премести во ТЦ Буњаковец, на крај да го добие своето сегашно место на булеварот Илинден помеѓу гимназијата Орце Николов и Зоолошката градина.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-06.jpgНекогаш

И прво што ќе забележите е таинствениот мал простор кој ве води во подземен простран салон, каде секоја плочка раскажува своја приказна.

Кога изложувате фабрики кои се лидери во дизајнот и технологијата на плочките, како Панариа, Кото Д есте, Леа, мора да овозможите уникатен пристап на поставките. Така, овој салон стана музеј на плочки, каде секоја плочка ќе ја доживеете во својот полн сјај.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-12.jpg

Ивана Белчева (Костовска), една од ќерките на основачот на компанијата Ненад Костовски Нешо, работи во оваа фирма од 2009 година, со пауза од неколку години кога работела како архитект на ребрендирање на неколку познати фирми. Сега, повторно е дел од фамилијарната фирма и токму неа ѝ била дадена можноста за нејзино ребрендирање.

Ивана Белчева (Костовска), магистер по архитектура, во мометов на позиција проектант во Керапро, за семејниот бизнис споделува:

„Раскажувајќи од страна на дете, чии родители основале бизнис кој триесет години ги опслужува потребите на нашите клиенти, сум имала можност да го доживеам бизнисот од повеќе аспекти.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-16.jpg

Доживувајќи го салонот како работа на моите родители, преку годините кога за првпат започнав да работам тука, се до едно ново поглавје, кога во улога на архитект го трансформирам салонот во музејска поставка.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-09.jpg

Сите сме ги доживеале позитивните и негативните страни од работатa на нашите родители, среќата, но и разочарувањата работејќи во периоди на големи кризи. Но, она што останува е мотивот и желбата да се продолжи понатаму, да не се откажеш и повторно да создадеш магија со својата креативност.

Работејќи на ова поле, како дипломиран архитект осознав уште една битна компонента во процесот на продажба, а тоа е односот со клиентите, заемното почитување и ведрината секогаш го освојуваат тој поен повеќе за луѓето да се чувствуваат пријатно во нашиот салон.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-13.jpg

Од тука се излезени големи пријателства, пријатни дружби и лојални клиенти, кои секогаш биле задоволни од финалниот продукт.

По целокупното искуство ја добивам шансата да креирам простор кој треба да го задоволи изложбениот аспект и пријателскиот аспект, место каде ќе се почувствувате дека можете да поминете време, не само да претрчате преку асортиманот.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-17.jpgВане Крстевски (лево), директор на компанијата Керапро

Архитектурата и дизајнот се процес, а комуникацијата со клиентот игра клучна улога во пронаоѓањето на вистинскиот продукт.

Така продажбата на плочки е подигната на едно ново ниво, станува социјален настан каде заедно со нашите клиенти го разработуваме нивниот простор во функционална и пријатна средина, каде ќе го поминуваат своето време.“

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-14.jpg

Плочката претставува извонреден градежен материјал, кој својата функционалнот ја трансформирал во естетика. Денес, освен основната функција за поплочување на бањите, кујните и терасите, таа добива нова димезија за уредување на дневните соби и трпезариите во домот, како и уредувањето на работните простории.

Нејзината функција не е веќе само заштита од вода и полесно одржување, туку украс на вашите ѕидови, уметничко дело во вашиот дом или работно место. Со технолошкиот развој, плочките ја напуштаат малата димензија 10/10, 20/20 и денес се произведуваат во формати дури до 160/320.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-10.jpg

Нивната дебелина се намалува, со тоа се скратува и процесот за монтажа. Големите димезии овозможуваат побрзо поплочување на големи површини, а исто така се идеални и за изработка на фасади.

За потеклото на керамичката плочка нема точни записи. Додека повеќето експерти веруваат дека керамичките плочки потекнуваат од Египет, другите ги насочуваат нивните верувања кон античките цивилизации на Месопотамија и Кина.

И во двата случаи до 1000 година пр. н. е. во некои делови од светот, технологијата била добро воспоставена. Последователно на ова, својот најголем успех во уметноста за правење керамика се достигнува во арапскиот свет, односно Персија, а на западот во Италија.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-11.jpg

Додека овие два стила биле и сè уште се потполно различни по содржина, и двата се исклучително иновативни во изборот на материјали и технологии. Итајќи кон модерната ера, керамичките плочки стануваат се пошироко достапни и почнуваат да ја разубавуваат секоја бања и секоја кујна почнувајќи од Кралот на Англија, па сè до домаќинствата во средно-западна Америка.

Оттогаш наваму нивната убавина, корисност, и достапност никогаш не се доведува во прашање. Модерната технологија пак е сосема друга тема од историскиот увид.

ivana-od-salonot-za-plochki-kerapro-go-naslediv-semejniot-biznis-od-roditelite-od-pred-30-godini-chesta-e-ogromna-08.jpg

Дозволете им на професионалците во Керапро да ви објаснат како најмодерната керамичка плочка може да се вклопи во декорот на вашиот дом и да го збогати вашиот стил.

Квалификуван персонал стручно ќе ве води низ целата работа, од првичниот нацрт дизајн до финалната инсталација.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg